namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Додека вештачката интелигенција навлегува во секој сегмент од живеењето, примената на оваа технологија незапирливо се шири и станува дел и од секојдневните уреди. Ако ги ставиме настрана паметните телефони во кои веќе апликациите со вештачка интелигенција се нормална работа, можеме со сигурност да потврдиме дека таа е проширена и во другите делови од секој дом, со што се отвораат низа нови интересни прашања.
На пример, дали вештачката интелигенција може да ви помогне при складирањето на храната? Секако, а за таа намена, Samsung тукушто лансираше нови фрижидери се издвојуваат по својата функционалност, естетика и високиот приоритет на заштеда на електрична енергија.
Паметно складирање храна
Иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање храна овозможува фрижидерот со замрзнувач RB6000D . Режимот AI Energy Mode во апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Вештачката интелигенција кај овој фрижидер придонесува тој да биде ефикасен и при одмрзнување, регулирајќи ја температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но и покрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™. Како опција за поголем фрижидер e моделот RF9000 со T Style француска врата и Beverage Center кој се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој фасцинантен уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење, ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси.
ВИ асистент во машината за перење алишта
Примената на вештачка интелигенција е присутна и за перењето и сушењето на вашите алишта. Иако основниот дизајн на машините за перење доживува само помали промени, сепак функционалностите на новите уреди за оваа намена се навистина понапредни. Целта на производителот е секогаш иста - како да обезбеди совршено чисти алишта со што помала потрошувачка. Едната насока е технологијата и дизајнот на компонентите што ја вршат работата, а другата е надградба со паметни функционалности кои ќе овозможат поефикасна работа. Технологиите Samsung AI Ecobubble и AI Wash го прават токму тоа, овозможувајќи поефикасно перење.
Моделите како машините за перење WW8400 и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI Energy Mode и А-40% екстра енергетска ефикасност, ги олеснуваат дури и најсложените домашни работи, со капацитет за перење до 11 килограми алишта.
Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката.
Со помош на вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така, дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми. SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина.
На вештачката интелигенција и се потребни податоци за биде функционално искористена, а колку повеќе податоци има, тоа значи- толку е поефикасна примената на ВИ. Технологијата за перење AI Wash работи на ист начин, користејќи напредни сензори за препознавање на тежината и мекоста на ткаенината и континуирано следење на нивото на нечистотија. Врз основа на овие податоци, AI Wash ја оптимизира количината на вода и детергент. Во исто време, апликацијата ја прилагодува должината на натопувањето, плакнењето и брзината на вртење на барабанот.
Паметни, но и убави!
Без разлика дали паметниот телефон е главниот уред во вашиот дом или сепак е телевизорот, , можно е управување и користење на апликации за поединечни уреди преку мобилен телефон, таблет или паметен телевизор Samsung. Функцијата SmartThings ви овозможува да ги следите и управувате сите ваши паметни уреди од едно место. Покрај предностите за поврзување на сите паметни уреди во вашиот дом преку апликацијата SmartThings и управување со нив преку вашиот мобилен телефон, паметен телевизор или таблет, Samsung погрижи и дизајнот на најновиот line-up на апарати за домаќинството да биде беспрекорен и да може да се прилагоди кон секој ентериер. Овие апарати веќе се достапни за продажба кај нас, а повеќе информации за производите можете да прочитате на следниве линкови:
Фрижидер со замрзнувач RB6000D
RF9000 со T Style француска врата и Beverage Center
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживув...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?