Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Би рекле дека ова е можно да се постигне, но со одредена помош од страна. Многу мајки мислат дека барањето на помош ја покажува нивната неспособност. Тука сме за да Ви го докажеме спротивното, дека барањето помош е всушност показател на Вашата снага.
“Не” изговараме потполно автоматски. Како што на децата автоматски им велиме “не” кога ќе ни побараат чоколадо пред вечера, уште малку време на компјутер или нова играчка во продавницата, исто така одговараме и на прашањето “Дали ти треба помош?”.
Одбиваме помош за носење на кеси до дома, за помош околу најавените гости (“не”, можам да направам 300 колачи сама), за пресоблекување на децата (не, не, немој, јас тоа ќе го направам за час) и така по ред. Толку сме неспремни да прифатиме одредена помош што не сфаќаме колку сме преоптеретени со работа и дека ни е потребна помош. Програмирани сме да веруваме дека можеме да постигнеме се', дека сме силни и дека не ни е потребен никој.
Со други зборови, програмирани сме на пропаст.
Запомнете, силна жена е онаа која ги познава своите граници. Онаа која што нема да се преоптерети до изнемоштеност. Онаа која знае дека не е срамота да се побара или да се прифати помош. Напротив, со прифаќањето на помош покажува одговорност кон самата себе. Одбивањето не донесува никаква награда, не ја олеснува работата, туку го зголемува стресот, нервозата и исцрпеноста, кои не се добри за здравјето.
Научете се себеси и децата дека секој има граници
Воспитувањето на децата не е лесно, посебно ако знаеме дека не е доволно само да им кажеме што треба да прават и како треба да се однесуваат. Токму заради тоа сме подготвени се' да направиме сами, нашите мајки правеа така, нашите баби правеа така и не знаеме поинаку. Чест на исклучоците. Но нашите дела се погласни од нашите зборови. Ако продолжите така и Вашето дете ќе го прими истото очајно чувство дека мора се' да направи само. И веројатно ќе мисли дека потребата да побара помош е знак за неспособност. На крајот на краиштата мама може се' и работи се'.
Што би се случило кога би прифатиле нечија помош? За големо чудо, Земјата би продолжила да се врти. И понатаму би дишеле. И би Ви било подобро. Воопшто не звучи лошо, нели?
Најдобро од се' е што и децата би виделе дека мама бара помош и дека е подготвена да ја прифати. Би сфатиле дека една личност може да заврши некоја работа до одредена граница. Тоа е многу важна лекција.
Како би се чувствувале Вие кога сакате некому да помогнете, а тој секогаш Ве одбива? тргнете се од патот и дозволете му на семејството да Ви помогне.
Познавањето на личните граници е важна лекција за децата. Тешко е да се живее носејќи го цел свет на грб. сепак, дозволено е да признаете кога задачата е преголем залак за Вас.
Извор: Najboljamamanasvetu
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?