|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генерална вредност на која се потпира Националната програма за развој на образованието.

image
/11


 

ВОДЕЧКИ ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ ПРИ РАЗВОЈ НА СТАНДАРДИТЕ ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ КАЈ ДЕЦАТА  

ВО Р. МАКЕДОНИЈА

 

Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генерална вредност на која се потпира Националната програма за развој на образованието.  

Во рамките на раниот детски развој, обезбедување на стимулативна и безбедна средина за квалитетно рано учење е претпоставка за постигнување на понатамошен успех во рамките на образовниот процес кај секое дете.  

 

Процесот на развојот на Стандардите за рано учење и развој, кај децата од 0 до 6 години, е воден од следните  принципи:

1.    На сите деца, без разлика на полот, етничката и религиозната припадност, социоекономските и културолошките разлики, како и различните здравствени и посебни потреби, треба да им се овозможи влез во образовниот систем; 

2.    Сите деца можат да учат. Тие заслужуваат високи очекувања во нивните достигнувања во процесот на учењето, а се во согласност со нивната возраст и социокултуролошките карактеристики;

3.    Децата најдобро учат преку играта. Во процесот на учењето, играта се прифаќа како инструмент за учење; 

4.    Средината во којашто децата учат ја поттикнува љубопитноста и е во согласност со нивните физички и емотивни потреби, со цел да се чувствуваат безбедно;

5.     Развојот на учењето кај децата е целосно условено од квалитетни воспитувачи кои се заинтересирани за сопствено континуирано професионално унапредување, развој и соработка со децата и нивните родители;

6.    Почитување на персоналитетот и индивидуалните специфичности, потреби, интереси и можности на секое дете, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби, како и децата од сите социоекономски и етнички средини; 

7.    Содржините на стандардите ги опфќаат сите домени од развојот на  детската личност, без фаворизирање на поедини домени. Холистичкиот пристап во развојот на стандардите е основа за нивно подготвување, со оглед на тоа дека детето го осознава светот како целина;

8.    Заедничкото делување на семејството и заедницата, во поттикнување на развој на рано учење кај децата;

9.    Сите деца имаат потенцијал да постигнат најголем дел од очекуваните стандарди во одредена возраст, со соодветна поддршка, инструкции и стимулација на развојот на раното учење; 

 

Очекувани вредности коишто децата треба да ги поседуваат при достигнување на Стандардите за рано учење и развој во Р.Македонија се: независност, креативност, иницијативност, одговорност кон себе и кон околината,  прифаќање и почитување на различните од себе, толерантно однесување и солидарност,  како и   почит кон заедницата и државата во целост.

 

ДОМЕНИ НА РАЗВОЈ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ВОЗРАСНИ ГРУПИ ОПФАТЕНИ СО СТАНДАРДИТЕ ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ

 

Децата се развиваат холистички. Не постојат приоритетни домени во детскиот развој. Почитувајќи го холистичкиот пристап во воспитно-образовниот процес  и избегнувајќи ја тенденцијата да се фаворизираат одредени домени во развојот на детската личност, во изготвувањето на стандардите за ран детски развој во Р. Македонија, внимание се посветува на следниве домени:

 

-          Физичко здравје и моторен развој;

-          Социоемоционален развој;

-          Развој на пристап кон учење;

-          Развој на јазикот, описменување и комуникација;

-          Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.

 

Во голема мерка, развојот кај малите деца се остварува комплементарно, преку  поврзани развојни домени, така што прогресот кој го прави детето во еден  домен има силно влијание врз развојот и прогресот кој го прави детето во друг развоен домен.

Комплементарната поврзаност и меѓусебна условеност на сите домени го наложува холистичкиот, како единствен пристап во развојот на стандардите за рано учење и развој во Р.Македонија.

Стандардите се очекувања за она што децата треба да го знаат и можат да го направат на одредена возраст. Секое очекување е неразделно поврзано со возраста. Стандардите за рано учење и развој во Р.Македонија се однесуваат на возрасниот интервал од 0-6 години (или од 0-72 месеци), поделени во следниве возрасни групи:

-          0-2 години (0-6 месеци, 6-18 месеци и 18-24 месеци);

-          2-3 години (24-36 месеци);

-          3-4 години (36-48 месеци);

-          4-6 години (48-60 месеци, 60 -72 месеци).

Поделбата на возрасните групи е детерминирана од законската регулатива, врз основа на која се организира работата на детските градинки и поделбата на децата во групи. 

 

 

Стандардите за рано учење и развој се изработени со техничка финансиска поддршка на УНИЦЕФ

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали конфликтот значи дека семејството не ...
Многу родители и партнери се плашат од конфликтот. Често мислат дека секоја расправија е знак дека нешто не е во ред со ...
3
Адаптирање на детето во градинка
Поаѓањето во градинка е голема промена во животот на секое дете, бидејќи од сигурноста во семејството детето преминува в...
3
Играта е пат преку кој децата учат
Играта е активност која помага и го исполнува секојдневниот живот на детето. Таа помага во процесот на подготовка на дет...
3
“Секоја мајка плаче, вика, псуе - тоа е но...
“Ќе Ви дојде некогаш да се расплачете, да викате од немоќ и замор. Тоа е нормално...беа зборовите на патронажната сестра...
3




Анкета

Клаудија
Victorya

Дали Ви се допаѓа името Клаудија?

Да, многу. (9%)

Да. (25%)

Не е нешто посебно. (24%)

Не ми се допаѓа. (32%)

Многу грдо име е. (10%)


Број на сите гласови: 121

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!