Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Денес е прекрасно утро, благословено утро, зошто се разбудив покрај тие кои ги љубам. Денот ме погали со насмевка и топлина од среќа која извира од мене.
И утрово кога ги отворив очите, два пати трепнав пред јасно да ја видам сликата која ме дочека - тие тројца, насмеани, ми посакуват "добро утро". Додека се пикаат во мене борејќи се кој прв да ме прегрне и извикуваат "мама е моја", не можам а да не се насмеам гласно со срцето и затворајќи ги очите ги вдушувам нивните слатки мириси на бомбончиња, ја чувствувам топлината на нивните рачиња околу вратот, на дланките, нивните усни како ми лепат бакнежи на образите, се заблагодарувам за овој благословен момент, како и секое утро досега и секое наредно во кое ќе се разбудам.
Живеам сега,тука и овде, во овој момент, за овој момент.
А еден ден... Ќе ме нема... Ќе станам прашина...Ќе останам сеќавање...
Но дотогаш, како што во првиот момент кога ве држев во прегратка ви ветив :
"До последен здив, ќе живеам ЗА ВАС!"
Стојам на ветувањето, ваквите утра да бидат почетокот на вашите насмеани денови исполнети со среќа и љубов а вашите ноќи исполнети со најубави соништа родени од најубавите приказни во чиј свет мојот глас секоја вечер ќе ве води.
Ви ветив, еден ден кога како возрасни личности ќе пролетате со мислите на вашите денови од детство, лицата да ви зрачат од насмевки а душата да ви сјае од љубовта која уште од тогаш во себе ја носите и само пораснала поголема.
Љубовта, деца мои, е она од што се раѓаме, она за што живееме и она што долго после нас останува за нас да сведочи.
Но, некогаш, некогаш ќе има и тмурни утра, дождливи денови, вечери без ѕвезди, ноќи со бура.
Некогаш ќе има солзи, ќе има болка, ќе има тага,зошто таков е животот деца мои. Но запомнете, секогаш, ама баш секогаш, ќе ја има љубовта. Таа никогаш не умира.
И некогаш ќе морате да носите скината облека, но јас толку умешно ќе ја сошијам со љубов, што ќе се гордеете да носите креација на мама.
Некогаш ќе делите еден оброк ,а јас ќе ви кажам дека јадев кога вие не гледавте и да знаете, нахранета ми е душата само што ве гледам вам.
Кога ќе имате само едно чоколатце за сите, но тогаш ќе увидите дека повкусно е кога имате со кого да го поделите.
А кога Дедо Мраз нема под елката да донесе тоа што сте порачале, не е зошто сте биле на листата на немирни деца, туку зошто мама го замолила да ги донесе џемперчињата која таа ги плетела со ноќи ....
Во животот можно е да ви недостигаат многу материјални нешта, но секогаш, секогаш дури ме има, ќе имате толку многу љубов да надокнадува, и впрочем, од најмали нозе да знаете што е најважното нешто во животот!
Посветено на моите ДЕЦА, на кои кога им дадов живот - го пронајдов својот.
И посветено на сите мајки :
Животот е краток, деновите се драгоцени а ние го имаме најголемото богатство на светот. Гушкајте ги, фалете ги, поттикнувајте ги, нека летаат, нека се гордеат со себе, нека растат од самодоверба, нека зрачат од насмевка.
И нека од мали научат што е најважното во животот!
Имајте убав ден, користете го мудро.
Среќна нова година!
забава Бремените
Автор: bobik
Заеднички моменти, незаборавни спомени
Во трката по обврски, планови и секојдневни задачи, лесно е да заборав...
Доењето не е само начин на исхрана. Тоа е еден од најприродните и најм...
Природна поддршка за забременување
Многу парови денес се соочуваат со предизвикот на неплодност или подол...
Митови и вистини за забременувањето
Темата за забременување е обвиена со многу совети, верувања и „тајни р...
Менструалната болка е искуство кое го имаат огромен број жени. Некои ј...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?