|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска

Марина Кљајиќ Петковски, 16.4.2024
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петковска опстојува веќе четири години. Оваа година, на досегашните “Снежни стихови”, “Шепотот на љубовта” и “Песочен часовник” го додаде и насловот ”Херој"

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Рингераја: Примарната цел на оваа акција е собирање средства за оние на кои им се најпотребни. За кого се наменети овојпат?

Софија: Овојпат книгата ,,Херој" треба да им донесе радост на дечињата кои се од социјално загрозени семејства, а го посетуваат дневниот едукативен центар ,,Дендо Вас " во Скопје.

Рингераја : "Херој" брои повеќе авторски имиња од земјата. Каков беше интересот кај истите овојпат? 

 

1

 

Софија: Да, во книгата има 35 автори, од различни градови ширум нашата земја, но има и автори кои живеат во странство, поточно од Германија и Холандија, но сепак пројавија интерес за книгата и зедоа учество во проектот. Интересот за проектот ТВОРИ-ЧИТАЈ-БИДИ ХУМАН е с? поголем и поголем и мене навистина ме радува што со секоја книга има и нови автори кои се вклучуваат во оваа хуманитарна акција.

Рингераја: Како граѓаните можат да се вклучат во оваа хуманитарна акција? 

Софија: Ние авторите твориме, граѓаните ги купуваат книгите, уживаат читајќи ги и на тој начин сите заедно правиме добро дело и сме хумани. Така што, граѓаните може да помогнат на тој начин што ќе купат примерок од книгата.

Рингераја: Каде може да се набави книгата?

Софија: Сите кои сакаат да ја купат книгата и да дадат свој придонес може да ме контактираат на мојата официјална фејсбук страница ,,Поезија на Софија"  во порака или на мојот мејл: sofijapedagogija@gmail.com. Цената на книгата чини 300 денари и сите  парични средства од продажбата на истата, ќе бидат пренаменети за децата од едукативниот центар ,,Дендо Вас" од Скопје.

Рингераја: И за крај, само уште едно прашање. Како автор, не се занимаваш само со хуманитарниот проект, туку пишуваш и рецензии и печатиш и свои книги. Па така, твои лични книги се ,,Поетски нежности " и најновата ,,Едно слонче со црвено балонче" . Па со оглед на тоа што на 2 Април беше светски ден на литературата за деца, ме интересира каква книга е ,,Едно слонче со црвено балонче " и каде може граѓаните да ја купат истата?

Софија : ,,Едно слонче со црвено балонче " е персонализирана книга за деца, која содржи 12 песни, 5 сказни кои секогаш завршуваат со морална поука, 30 гатанки на кои самото дете треба да го запише одговорот, боенка дел кој е поврзан со гатанките, индекс на непознати зборови и умни цитати од познати личности. Книгата е наменета за деца на возраст од 3 до 15 години, а секој кој сака да ја купи за своето дете, може да ме исконтактира на мојата официјална фејсбук страница ,, Поезија на Софија " во порака или на мојот мејл: sofijapedagogija@gmail.com

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да ги комбинирате чизмите со облека?
Чизмите се едни од водечките тенденции за есен/зима 2014-2015 година. Погледнете како да ги комбинирате чизмите со облек...
3
Кристијано Роналдо ќе се жени!
По многуте девојки, скршени срца, секс афери и голови, португалската ѕвезда реши да го врзе срцето со Ирина Шаик
3
Фото: Ким Кардашијан во невестински фустан
Први и ексклузивни фотографии од венчавката на Ким Кардашијан и Кание Вест
3
Совршениот труднички моден стил на BLAKE L...
Таа е модна икона. Таа е совршена. Таа е Blake Lively
3




Анкета

Dali piete sokovi
Jana9

Dali piete sokovi?

Da (75%)

Ne (0%)

Ponekogas (25%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!