|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не одите на Северен пол, туку на одмор!

Редакција Рингераја, 7.8.2019
Родителите за одење на одмор се подготвуваат како за експедиција на Северен пол

image
/11


Професор Бранимир Несторовиќ, изјави дека родителите не треба да се плашат од одење на одмор со децата. важно е само да обезбедат доволна количина храна и вода за по пат и најосновната аптека.

-          Децата се многу отпорни, ние се раѓаме со отпорност кон најголемиот број болести. Зошто бебињата не би оделе на пат, не сум поборник за претерана заштита на децата. Децата се чувствителни на дехидрација и треба да имате доволно вода и лесна храна, некое чоколадо или кекс кој брзо го ублажува гладот – објаснува тој.

Апелира децата да бидат врзани во автомобилот, бидејќи до четвртата година децата имаат непропорционално крупна глава во однос на телото и при нагло кочење можат да се повредат. Апелира да не се пуштаат децата да збеснуваат во кола и додава дека, иако е противник на децата да им се даваат телефон, во тек на патувањето може да се смират децата на тој начин.

Додава дека при рака треба да имате облека за пресоблекување, бидејќи децата се потат, а за клима во автомобил вели дека колку е добра толку е и лоша, не само заради млазот на ладен воздух, туку и заради тоа што често е контаминирана со бактерии. Затоа климата треба да се користи повремено, со разлика од 7-10 степени од надворешната температура.

Говорејќи за аптеката која треба да ја носите, вели дека не треба да се претерува – со себе секогаш имајте пробиотик и препарат цинк кој е најефикасен против дијареа. Треба да се носи и сируп за температура. Не би советувал носење на антибиотик, бидејќи тие често се злоупотребуваат. Советува и сируп од билки против кашлање и ханзапласт. За изгореници од медуза најдобар лек е краставица, додека при убод од морски еж треба да се обратите на лекар, бидејќи раната може да загнои.

Крем за сонце, шешир и наочари се задолжителни.

За заштита од комарци доктор Несторовиќ препорачува децата да пијат Б1 витамин, бидејќи тој на комарците страшно им смрди.

Во приморските градови нема проблеми со алергии, бидејќи нема билки кои предизвикуваат алергија, нити грињи бидејќи е суво и топло. Доколку се оди на планина треба да се води сметка дека тревите таму цветаат еден месец подоцна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
4
Детето беснее, што да (му) правам?
Кога малите деца имаат изливи на бес, родителите ги гледаат само последиците преку нивното однесување, а всушност треба ...
4
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Претпазливост за време на скијање
Иако е зима и е ладно не значи дека сонцето неможе да ја оштети нашата кожа, советува новата студија за ултравиолетовото...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?