vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Опстипацијата најчесто се јавува како резултат на болест или неправилна исхрана која содржи премногу слатко, маснотии и производи од бело брашно, а многу малку растителни производи како што се житарици или овошје, како и внесување на мало количество течности. Затоа на децата редовно треба да им се дава храна која природно ја регулира столицата, односно предност треба да им се даде на продуктите што се богати со влакна (зелен зеленчук, свежо и сушено овошје, леб од мешано брашно), бидејќи поволно влијае на редовноста на столицата. Експертите на светската здравствена организација препорачуваат дневно да се внесуваат до 30 грама влакна. Многу е важно да бидете сигурни дека детето внесува и доволно течности, користејќи вода, чај и овошни сокови кои ја подобруваат столицата.
Кај доено доенче изметот е мек, има златно-жолта боја и киселкав мирис. Бројот на измети е обично 2 до 4 на ден, но постојат значителни разлики. Здраво доено доенче може да има 4 до 6 празнења дневно, но нормално е и кога се празни и еднаш неделно, доколку празнењето е без напор, а изметот е нормален по количество и густина. Доенчињата на вештачка исхрана имаат поцврст измет, просечно 2 пати дневно, во споредба со доените деца. Ако изметот е мек и со нормален волумен, а празнењето не е со напрегање и болка, не е битно на колку дена доенчето се празни.
Важно е да се напомене дека и вежбите кај дечињата ја помагаат дигестијата. Забрането е користење на лаксативни средства, но доколку проблемот со столицата потрае најдобро е да се консултирате со педијатар.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...
Страв од непознатото во бременоста
Бременоста е еден од највозбудливите периоди во животот, но истовремен...
Дали овулацијата навистина се случува на 14тиот ден?
Многу жени веруваат дека овулацијата секогаш се случува на 14тиот ден ...
Како да ги направите тренинзите за сила помалку досадни
Тренинзите за сила се одлични за зајакнување на мускулите, подобрување...
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...