|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Насилство меѓу децата

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Во животот на секое дете доаѓа време кога прв пат се соочува со своите врсници. За некои деца тоа е времето кога тргнуваат во градинка, а за други можеби и порано.

image
/11


Во животот на секое дете доаѓа време кога прв пат се соочува со своите врсници. За некои деца тоа е времето кога тргнуваат во градинка, а за други можеби и порано.

Вистина е дека родителите односно семејството, се најзначајните луѓе во детскиот живот, бидејќи тие се дел од окружувањето во кое детето се развива како личност, но врсниците се оние преку кои тоа запознава нови различни страни на својата личност. И нормално, тоа не оди без конфликти и несогласувања...


Што да направите доколку вашето дете се однесува агресивно кон другите деца?

Пред се не очајувајте во стилот – каде погрешив, за моето дете да се однесува насилно?

Морате да знаете дека понекогаш и агресивноста е составен дел од развивање на детската личност, само што кај некои во помала, кај некои во поголема мера. Можеби вашето дете се однесува агресивно кон детето со кое секојдневно си игра на игралиште, а вие поради тоа сериозно сте загрижени, бидејќи не знаете што е причината, ниту пак знаете како да го решите проблемот. Во такви ситуации потрудете се да се воздржите од вмешување во детската игра (освен, нормално во крајна ситуација, доколку тоа е потребно), бидејќи така би дошло до несакана ситуација која всушност е насочена кон родителите. Секој родител, во таков случај секогаш застанува зад своето дете, што на крај ќе дојде до конфликт меѓу возрасните, а не децата. Тоа децата ќе ги збуни. Ако децата во играта не се сложуваат, бидејќи некој од нив постојано е “главен” и агресивен кон другиот, тоа значи дека се премногу различни карактери. Во тој случај,  најдобро е детето да пронајде ново другарче со кое ќе си игра.

Ако вашето дете по природа е темпераментно и одлучно, треба да пронајде врсник сличен на него, бидејќи и двајцата ќе се чувствуваат подобро и полесно ќе се  “поднесуваат” едно со друго.

 

Што да направите кога вашето дете се однесува агресивно во градинка? 

Воспитувачката ви се жали дека вашето дете се однесува агресивно кон другите деца и затоа почнале да го избегнуваат. Што да направите? Обидете се да разберете дека причина за таквото негово однесување не мора да постои, туку најверојатно ни самото дете не знае зошто се однесува така.

Насилството е најчесто знак дека детето не е сигурно во себе и едноставно не знае што да прави со таа агресивност, ниту пак,  како да ја совлада. Децата од градинка почнуваат да го избегнуваат и не сакаат да си играат со него, доколку е насилно со нив. Така детето станува осамено, изолирано и се понесигурно. Со агресивното однесување се труди да ја прикрие таа осаменост и чувствителност, и така, се врти во круг. Затоа за агресивните деца е многу важно да не реагираме со лутина на нивното однесување, или што е уште полошо со тепање, бидејќи така само ќе ја поттикнеме агресивноста во него. Најдобро е сето ова да се реши со разговор, а на тој начин можеби и ќе дознаеме што е она што го мачи детето. Потрудете се да му се доближите повеќе и да му ја подобрите сликата за него. Заедно побарајте прифатлив начин за приближување кон врсниците. Бидете трпеливи, бидејќи агресивноста е знак дека детето не се чувствува добро во своето тело, а за тоа не е криво самото. Кога поради неприфатливото однесување, врсниците почнуваат да го избегнуваат, тоа за него претставува уште еден пораз. Затоа обидете се до некоја мера да го поддржите, дајте му до знаење дека донекаде го разбирате, но јасно кажете му дека неговото однесување не ви се допаѓа. Ако и покрај се, мислите дека ваквото однесување мора да биде казнето, нека не биде тоа физичка сила, туку некоја паметна идеја, како на пр. некоја полесна домашна задача, или забрана за гледање телевизија... Разговарајте и со неговата воспитувачка, нека не го изолира, туку нека се потруди да му помогне да воспостави нормален однос со врсниците. Инаку, добра воспитувачка и сама ќе процени што е најдобро. Во секој случај, следете го однесувањето на детето и неговата положба во групата.

Ако со време, работите не се нормализираат и агресивноста на детето продолжува и ги  загрозува и другите деца, тогаш најдобро е да побарате помош од стручно лице.

 

Книгата- најдобар пријател
Книгата му дава на детето моменти на забава, но и нови сознанија. Еден дел од слободното време на детето треба да се исп...
6
Родителската љубов не познава граници
Родителската љубов кон свое дете не познава граници. Ова важи и за нас и за нашите животински пријатели
6
Итар Пејо, попот и алвата
Македонски народни приказни
6
Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
5


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

име за машко
marija.rizovski

Кое име ви се допаѓа повеќе

дејан (16%)

давид (53%)

ненад (11%)

давор (19%)


Број на сите гласови: 148

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!