|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се справите со грчевите кај бебињата?

R3 Infomedia, 4.10.2022
Сосема е вообичаено бебињата да плачат, но некои од нив плачат многу почесто од останатите. Доколку сте новопечени родители, овие моменти можат да ви причинат тешкотија, можеби и мала паника, бидејќи не можете да го смирите своето дете
Клучни зборови:

image
/11


 

Големи се шансите честото и неконтролирано плачење на вашето бебе да се должи на грчеви.

Што ги предизвикува грчевите?

Не е точно утврдено што ги предизвикува грчевите. За ова постојат неколку теории – некои лекари сметаат дека грчевите се дел од процесот на развој на детето и дека се резултат на неговата адаптација на средината. Како други причини се наведуваат развојот на дигестивниот систем, гасови, преголема чувствителност на светлина и звуци, фактот што нервниот систем сèуште се развива.Како причина за грчеви се наведува и цуцлата на шишето, бебето при пиењето на млеко може да голта повеќе воздух,ако цуцлата не е со соодветна големина. Исто така грчевите може да се јават или зголемат и од исхраната на мајката која го дои бебето. Избегнувајте да јадете кромид, зелка, карфиол, грав и сл.

Грчевите вообичаено се појавуваат од 2 до 4 седмица од раѓањето и траат некаде до четвртиот месец, но може да траат и подолго.

Како да се справите со грчевите?

Сите бебиња се различни и она што му помага на едно бебе, не значи дека ќе го има подеднакво истиот ефект кај друго. Тоа значи дека ќе треба да се обидете да го смирите на повеќе начини.

  1. За да му помогнете на вашето бебе, нежно движете ги неговите ножиња како да вози велосипед. На овој начин ќе се создаде благ притисок во стомачето и ќе помогне.
  2. Поставете го бебето да лежи на грб и масирајте го стомачето со кружни движења.
  3. Ставете топол термофор на вашите нозе, и поставете го детето со стомакот врз термофорот во скут. Претходно пробајтејатемпературатанатермофоротда не е многу врела.
  4. Легнете го на стомачето и нежно милувајте му го грпчето. Благиот притисок врз стомакот делува смирувачки.
  5. Против грчевите можат да помогнат и чаевите.Се препорачуваат слабо концентрирани чаеви од нане, маточина,анасон, камилица, и др. Притоа треба да се напомене дека пред да започнете да ги користите, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар бидејки нивната честа или прерана употреба може да доведе до потечни столици кај детето.
  6. За смирување на грчевите предизвикани од исхраната на бебињата, можат да ви помогнат капките Infacalm. Овие капки можете да ги нарачате на следниов линк.
  7. Во третманот на гасови и грчеви може да ви помогнат и капките SAB-SIMPLEKS, што можете да ги нарачате овде.

Превентивни мерки за намалување на грчевите

-       Кога го храните бебето држете го, колку можете, во поисправенаположба

-       После секое хранење на бебето овозможете му да подждригнува.

-       Бидејки во некои случаи грчевите се предизвикани од начинот на исхрана на мајката, доколку го доите бебето исфрлете ги од исхраната кромидот, зелката, карфиолот, гравот и кофеинот.

 

Неколку бонус совети

-       Немојте да го прехранувате детето. Почекајте два до два ипол часа пред повторно да го храните. Доколку го храните со млечна формула, тука можете да нарачате производ со достава до вашиот дом, наменет за деца од 0-6 месеци.

-       Пробајте да го смирите така што ќе го ставите на своите гради и почнете да го нишате.

-       Обидете се со цуцла. Некои доенчиња нема да ја прифатат цуцлата, но затоа пак кај други овозможува ублажување на грчевите.

-       Постојат звуци што влијаат смирувачки врз некои бебиња што се соочуваат со грчеви.Таков на пример е звукот на фен или сушална за алишта.

-       Топлата бања им помага на некои бебиња. Корита за бебе можете да најдете на следниов линк,  додека пак потребната козметика за после бањање можете да ја најдете тука.

Кога треба да побарате помош од лекар?

Иако грчевите и плачењето се појава што ги мачи многу бебиња, задолжително обратете се на лекар доколку го забележите следново кај вашето бебе:

-          Има дијареа, особено доколку забележите и крв.

-          Не сака воопшто да јаде и не качува тежина.

-          Повраќа.

-          Ви делува дека многу често е поспано.

-          Има температура.

 

Се останато што ви е потребно за вашето бебе можете да најдете тука и да нарачате 24/7 со достава до вашиот дом.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Министерот Тодоров вторпат стана татко
Утрово Министерот за здравство, Господин Никола Тодоров доби син.
5
Магијата на ноќта
Љубовна поезија
5
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?