Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Сувиот воздух вознемирува при спиењето во текот на ноќта и може да доведе до чести будење поради иритација на грлото и силна жед. Без разлика колку вода пиете во текот на денот, премногу сувиот воздух дома иритира и не дехидрира неосетно.
Можете да го промените нивото на влажност преку навлажнувачи за воздух, а исто така има и природни начини да го постигнете истиот или сличен ефект.
Еве кои се начините за да го навлажните воздухот:
Кога се искапите, оставете ја вратата на бањата отворена, за да може пареата да влезе во станот / куќата и така природно да го навлажни воздухот.
Не го пуштајте вентилаторот во бањата додека се бањате. Ова ќе го задржи влажниот воздух подолго во домот.
Во студените месеци често подготвуваме чај. Дозволете чајот да се вари малку подолго од вообичаеното. Ова е повторно лесен и природен начин да го навлажнете воздухот дома.
Сушете дел од испраната облека на сушалка во собата.
Ако сте правеле бања, не брзајте да ја испуштите водата од кадата. Додека водата се лади, пареата од неа ќе го влажни воздухот дома.
Можете да декорирате вазни во кои ќе се ставите убави камчиња и малку вода. Ова ќе создаде убава атмосфера дома и ќе помогне да се навлажни премногу сувиот воздух.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...