Boki77 во 10:13
на тема RE: ПХД Биопирамида
Разбирливо е дека после породувањето сакаме што е можно побрзо да си ја вратиме нашата првобитна тежина, која сме ја имале пред бременоста. Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете веднаш да ги изгубите.
Многу мајки се прашуваат дали за време на доењето е дозволено да се вежба. Разбирливо е дека после породувањето сакаме што побрзо да си ја вратиме нашата првобитна тежина, која сме ја имале пред бремонста. Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ,затоа и сега не можете веднаш да ги изгубите. Затоа дадете си одредено време и поставете си реална цел.
Во нашата култура, каде преовладува идеалот за виткост, сакаме жените по породувањето што е можно побрзо да си ја вратат својата нормална тежина. Нормално е жената за време на бременоста да ја покачи својата телесна тежина, затоа што воедно и се зголемува и количината на крв, се зголемува тежината на матката и на сето ова се приклучува и тежината на бебето. Се што е дополнително, се резерви со што вашето тело природно се подготвува за за периодот после породувањето. Тие резерви се наменет и за доењето. Можеме да ги забележиме како масни наслаги на колковите, стомакот и бутовите. Тие масни ќелии после породувањето брзо ќе се искористат (секако со правилна и здрава исхрана и правилно вежбање)и ќе заклучите дека во периодот на доење можете најповеќе да ослабете. Со доењето во просек дневно може да се загубат и до 500 калории.
Повеќето мајки сами приметуваат дека за време на доењето губат најголем дел од нивната тежина. Со доењето се искористуваат складираните масни резерви, насобрани за време на бременоста, или и оние масни резерви кои сме ги насобрале и пред бременоста. Мајките што дојат доколку внимаваат на исхраната во првите месеци најверојатно ќе ги загубат вишокот на килограми. Истражувањата (Dewey, 1993; Heinig, 1992)покажале дека мајките што дојат во првите 6 месеци по породувањето, побрзо ја намалуваат тежината одколку мајките кои не дојат. Во други студии (Kramer, 1993) се укажува на тоа дека мајките кои дојат после породувањето имаат повитки бутини, за разлика од мајките кои своите бебиња ги хранат преку шишенца.
Реалното и системско слабеење на мајката која дои не и се препорачува во првите 2 месеци по породувањето. Тоа е период кога Вашето тело има потреба да се опорави од периодот на бременоста и породувањето и да се воспостави добра лактација. Доколку тежината не се намалува спрема вашите очекувања можете во тој процес да вклучите физичка и активност и да го намалите внесот на калории. Избегнувајте висококалорична храна, богата со масти, со мала хранлива вредност. Консумирајте здрава храна. Мајките кои дојат исто така може и да вежбаат. Брзо одење со бебето во количка, најмалку петпати неделно по половина час е доволно за килограмите да почнат да се топат. Доколку дневниот внес на калории го намалете за 100 (толку калории има во 3 чајни лажички масло или во 2 дл овошен сок),месечно ќе изгубите околу 1 кг.
За време на доењето многу е важно, намалувањето на килограмите да оди постепено. Пожелно е да се губи пола кило неделно, доколку просечно внесувате од 1500 до 1800 калории. Ако тежината се намалува брзо, може да дојде до лачење на токсични материи во мајчиното млеко, органски загадувачи како што се ПХБ или пестицидите, кои се складирани во телесните масти. Со наглото губење на тежината може да дојде и до намалување на мајчиното млеко.
Брзите диети, диетите со течности и таблетите за слабеење за време на доењето не се препорачуваат! Постот кој трае помалце од еден ден не влијае врз намалувањето на мајчиното млеко. Но продолжено постење не е препорачливо за мајките.
Губење на тежината и квалитетот на мајчиното млеко
Како губењето на тежината кај мајките што дојат влијае врз квалитето на нејзиното млеко? Тоа е повеќе или помалку константа која варира: најпрво тече водлесто млеко кое детето го внесува, а потоа доаѓа густото млеко, кое го заситува бебињата. Доколку мајката не внесува доволна количина на храна, телото почнува да ги црпи резервите од нејзиното тело (затоа голем број мајки кои дојат после породувањето многу лесно и брзо слабеат). Ако мајката нема повеќе резерви и добро се храни, млекото се создава од сегашните внесувања. Ако мајката подолг период не се храни правилно (година дена), тоа може да влијае врз нејзиното здравје со дефицит на доволната количина на витамини и минерали и доаѓа до пореметување на метаболизмот. Доколку тежината ја губите пополека и постепено, не треба да се грижите за квалитетот на Вашето млеко. Изберете диета, со која ќе уживате во избалансирана и разновидна храна, храна која е природно богата со калциум,магнезиум,цинк и витамин Б6. Внимавајте на своето здравје. Грижата за бебето во првите недели е доста напорна, затоа немојте да започнувате диети,ако сте уморни, без енергија и не сте во добра здравствена состојба.
Диета со многу малку јаглехидрати – НИКАКО!
Познаваме голем број на диети, особено е голем бројот на оние диети кои го ограничуваат внесот на јаглехидрати и ги надоместуваат со внес на протеини. Кога се држат овие диети не се чувствува некој посебен глад , како при држењето на други диети, многу лесно може да дојде до состојба на кетоза, и телото за енергија наместо глукозата ги користи мастите. Во крвта на мајките и во урината се јавуваат кетони кои се токсични. При држењето на диетите во кои се ограничува внесот на јаглехидрати за многу кратко време се губат килограмите. За мајките кои дојат тоа не е здраво. Препорачливо е мајките кој во овој период се одлучат да започнат со одредена диета да се консултираат со доктор со кој заеднички ќе се одреди начин и програма како да се намалат килограмите, а тоа да биде здраво и постепено. Мајката која дои не смее да се доведе во ситуација да дојде во состојба на кетоза при држење на одредена диета. Со голема точност и сигурност не можеме да знаеме во колкава количина кетоните се излачуваат во млекото и колкава опасност претставуваат за бебето.
Друг проблем е што овие содржини содржат голема количина на протеини. Во млекото на мајката што дои дневно се излачуваат од 6 до 11 грама протеини. Овие протеини се основна градбена единица за раст на бебето. Протеити во телото на мајката не се скалдираат. По препорака на стручњаците мајките кои дојат дневно треба да внесуваат 65 грама протеини.
Балансирано внесување на храна
Мајката треба да ужива во богата и разновидна храна со што ќе внимава истовремено и на здравјето на своето бебе. Ако мајката слабо се храни, многу лесно може да се намали потребната количина на витамини во млекото како што се: А Д Б6 и Б12.
Луѓето кои се на диета често пати исто така уживаат во вештачките засладувачи, кои доилките треба да ги избегнуваат. Диета треба да биде индивидуална за секого, сите диети не се исти за сите луѓе, посебно не за мајките кои дојат.
Физичката активност и доењето
За време на доењето можеме да си дозволиме и одредена физичка активност. Интензитетот на вежбањето пред се ќе зависи од период кој е поминат после породувањето. Првите 6 недели интензивно вежбање не е препорачливо, затоа што телото сеуште мора да се опорави од бременоста и породувањето и затоа што сеуште се воспоставува лактацијата. Ако бебето е многу мало, може да биде проблем подолга отсутност на мајката за време на вежбањето. Промената на вкусот на млекото зависи од интезитетот на вежбањето. Во минатото жените со доенчиња дали тешко работеле по полињата? Физичката активност после породувањето е сосема нормална. Секоја жена која редовно вежба (дури и породувањето), пријатно с е чувствува, затоа што прави нешто за себе, и резултатот од сето тоа е: задоволна и среќна мајка, а со самото тоа и задоволно и среќно дете.
Во некои научни истражувања со сигурност е откриена присутност на млечна киселина во мајчинито млеко. Важно е да се напомени дека во овие случаеви станува збор за интензивно и напорно вежбање наспроти препорачливото постепено и континуирано вежбање. Сигурно сте слушнале дека во мајчиното млеко во првите часови после вежбањето се намалува количината на имуноглобинот. Но овие податоци нека не Ве загрижуваат затоа што мајчиното млеко со помалку антитела е подобро од вештачки направената млечна формула. И физичката активност на мајката е секако добра за нејзиниот имунитет.
За време на вежбањето обрнете внимание на следново:
Пред да започнете со слабеење направете целосен здравствен преглед и консултирајте се со својот доктор!
Реалното и системско слабеење во првите 2 месеци после породувањето не се препорачува. Брзите диети, диетите со течности и таблети за слабеење за време на доењето не се препорачуваат! За време на доењето можете да си дозволите само умерено вежбање. Најдобар почеток за вежбање е пешачењето.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...