vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Не верував...ја изгубив вербата во ОНА вечното, ОНА вистинското, во ОНА бескрајното. Не тоа не бев јас. Јас живеам за да љубам. Која бев?... Некаде на патот без правец, некаде, всушност никаде ме зеде...ме пронајде и ме врати....ме научи...ми подаде рака и ме фати цврсто и сигурно не двоумејќи се. Ми го покажа правецот на мојот живот.
Погледни ме...јас треперам како ѕвезда во летна ноќ. Моите очи гледајќи те го добиваат сјајот низ кој се гледа исполнетоста на мојата душа.
Дојде така ненајавено и нечујно, дојде тивко и навидум мирно влезе во мојот живот. Но твојот чекор кон мене беше преродбен. Ти стори нешто кое мислев дека е невозможно...бев изгубена и ме врати, ни најмалку обично туку лудо и неразумно. Ме воздигна до небо..
Зар си вистински? – се прашував.
Твојата чиста душа, твоето слатко треперење и црвенеење пред мене, твоето срце полно со верба и надеж, твоите раце раширени и подадени накај мене, твоите очи кристално искрени со поглед кои грее и топи, ми се чинеа нестварни. Ми изгледаше невозоможно чувството на толкава блискост.
Ти стоеше свртен накај мене, ти ме гледаше само мене...за прв пат во животот се почувствував како јас сум единствениот објект што стои пред некого. Се почувствував единствена, се почувствував ТАА ВИСТИНСКАТА. Почувувствував како да нема ништо друго, само ТАА и ТОЈ....ТОЈ ВИСТИНСКИОТ.

Авторите на скриените писма остануваат непознати за јавноста.
Рингераја.мк гарантира НЕ откривање на нивниот идентитет.
Станете и вие анонимен автор на Рингераја.мк
Испратете e-mail на glaven.urednik@ringeraja.mk
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...