|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Убаво е да си мажена

Миодраг Мишолиќ, 11.3.2011
Интервју со Живкица Каленикова

image
/21


 

Со години ја знаевме и ја следевме во медиумите како брзозборката Живкица Ѓурчиновска. Таа и натаму е брзозборка, но од 29 јануари, веќе не е Ѓурчиновска, туку Каленикова. Стапи во брак со долгогодишниот партнер Зоран Калеников, еден од најуспешните бизнисмени во Македонија. Нивната љубов кон почетокот на летото треба да биде крунисана со нов член во семејството, бидејќи Живкица е во шестиот месец од бременоста...

 

Веќе 20-тина дена си госпоѓа Каленикова. Како се чувстуваш како мажена жена?

Убаво, навистина убаво. Колку и да е човек навикнат на заеднички живот, а ние веќе живеевме заедно, бракот донесува некој нов чекор и претставува нов поттик во врската.

Колку време ја планиравте свадбата?

Не многу долго. Бевме сосема опуштени и сакавме сето тоа да се случи спонтано, без стрес, нервоза и инволвирање на сите околу нас во подготовките. Мене лично ми пречат такви големи мешања, во кои секој изнесува свое мислење и става забелешки. Тоа ми прави голем притисок и ми до расипува расположението, баш кога треба да ми биде, а и на сите на ни биде, најубаво. Се договоривме тие работи да ги сведеме на нула и подготовките да си течат нормално. Целиот процес на планирање, договарање и се’ друго траеше две-три недели. Брзо и динамично, но на крајот излезе многу убаво.

Како го поминавте првиот свети Валентин како брачна двојка?

Повеќе го прославивме свети Трифун, со нашите пријатели - винаријата Камник и со Јохан и Цеце Елзесер, кои имаат традиција во одбележувањето на тој празник. Тие се познати по традиционалното закројување на лозниците и таму останавме прилично долго, уживајќи во топла, пријатна, домашна атмосфера Јас сметам дека свети Трифун е повеќе наш, православен, празник. Убаво е да се слави и Валентин, но не ставаме акцент дека мора да сме обврзани да го одбележиме денот. Луѓето треба да си обрнуваат внимание со партнерот барем по 15 минути секој ден како да им е Ден на вљубените, а не тоа да го форсираат само на 14 февруари.

Која ти беше првата реакција кога дозна дека ќе станеш мајка?

Многу пријатно изненадување - во еден момент измешани емоции, бидејќи се’ уште не си сигурен и се наоѓаш во некој пријатен шок, зашто тоа си го посакувал и го сакаш тоа. Уште поубави се моментите кога полека стануваш свесен дека е на пат ново суштество во твојот живот и оти растеш нов живот во себе. Тешко може да се искаже со зборови, мора да се почувствува. Тие што станале мајки знаат за што зборувам.

Како ја поднесуваш бременоста?

Нормално работам и ги извршувам сите обврски. Да не се урочам, но досега немам турбулентни ситуации или периоди на потешкотии. Се надевам оти така ќе издржам до крајот. Мислам дека не сум разгалена трудница. Како личност, не поднесувам премногу пренемагање, а и мојот темперамент веројатно има влијание. На пример, лежењето кое ми беше препорачувано во одредени периоди од денот го сведував на минимум, зашто ме фаќаше нервоза по час и половина или максимум два часа. Не сум ни од оној тип трудници кои во три часот по полноќ ќе измислат дека нешто МОРА да им биде донесено. Можеби ќе ми се пројават такви желби во овие преостанати месеци од бременоста, но засега мислам дека сум сосема разумна во однесувањето.

Важен ли ви е полот на детето?

Мене ми беше важен и веќе го знаеме, но не сакаме да го обелоденуваме додека не дојде на свет.

Од твоето досегашно искуство на заеднички живот, што е клучно за добра врска?

Вистинската и чиста љубов, без условување и без уцена. Многу е важно да немате чувство дека треба да се натпреварувате со вашиот партнер. Тоа и’ дава живот на врската: сознанието дека припаѓате некому, а исто и тој вам, при што се поддржувате, сакате и почитувате, дека сте тука еден за друг, и не ја злоупотребувате љубовта. Тоа е предуслов за успешен однос. Многу се важни моментите на заедничко разбирање и заеднички муабет. Не е потпишувањето на документите клучно. Има многу побитни детали, кои ја прават врската да биде цврста, а по можност и трајна.

Со што те освои сопругот?

Со неговата преголема душа, огромното срце, искреноста и со чесноста што ја носи во себе. Тоа е човек кој има љубов за сите, кој не знае да мрази и да биде злонамерен. Тие особини се ретки во денешно време. Во Зоран најдов пријател, кој кога сака знаете дека вистински ве сака.

Сте имале ли во некој момент криза во врската?

Пак ќе речам, да не се урочам, ама навистина не. Се случувале различни мислења на одредена тема, но ние знаеме дека по 15 минути ќе се насмееме и ќе го почнеме одново разговорот со малку поинакви гледишта и смирени глави. Тоа е, исто така, важен момент во врската, да не дозволите да ви трае лутината, туку недоразбирањето да го претворите во смеа и во нешто што ќе помине во самиот миг, без да остави никаква трага.

Твојот сопруг е бизнисмен, еден од првите луѓе на компанијата „Кадис“, која е увозник на автомобилите „Сеат“. Имаш ли ти интерес за бизнисот, дали некогаш си се заинтересирала за тоа што го работи?

Низ сите овие години ние сме разговарале доста околу градењето на брендот „Сеат“, соработката со медиумите и сите други нешта кои имаат врска со ПР маркетингот. Понекогаш давам свое мислење, кое иако е лаичко, може да помогне токму како став на потрошувач или дел од јавноста. Размислуваме и за идеи кои би ги реализирале заеднички во иднина, а не се конкретно врзани за медиумите, туку се баш во бизнисот. Верувам дека ќе се оствари нешто од тоа. Јас имам уште многу да учам за таа бранша, но имам добар учител, кој е повеќе од 20 години во бизнис круговите.

Ти се врати на телевизијата со квизот „Најслаба алка“, за кој треба да си поинаква од она што го работеше претходно...

Да, а за мене најголем предизвик и беше тоа што треба да бидам поинаква. Ми се допадна и што работиме лиценциран проект. Тоа значи поголема одговорност, но и подобро подготвени луѓе околу мене, на кои ќе може да се потпрам. Така се поклопија коцките - телевизија „Алфа“ го врши одлично својот дел околу организацијата и продукцијата, јас се вклопив како водител и мислам дека сето тоа го спакувавме во успешен проект. Барем такви се реакциите кои стигнуваат до мене. За разлика од поголемиот дел од програма што ја гледаме, а е правена-недоправена, речена-недоречена, верувам покажавме дека и кај нас може да има нешто од она што се нуди во Европа. Мене ми помогна тоа дека луѓето беа навикнати на квизот и на начинот на водење, па не дојде до преголемо изненадување или шок. Публиката разбра дека се работи за забавно шоу, кое од водителот бара глумење одредена улога, речиси како на филм.

Дали со лиценцата доаѓаат и најважните делови од сценариото или оние „пецки“ за кандидатите ги смислуваш самата?

Сите моите реплики и целата комуникација со учесниците е моја инспирација. Тоа е мојот дел од обврската, немам тим што ми ги подготвува најавите. Според концептот на „Најслаба алка“ водителот треба да е ироничен, студен и малку дрзок, но иако не сум била таква во претходните 13-14 години кариера, ова ми одговара на карактерот, бидејќи дава можност да се биде духовит, да се уфрли досетка, да се каже нешто поинтересно од вообичаеното. Делот на комуникацијата со натпреварувачите никој не може да го подготви однапред, зашто доаѓаат различен профил на луѓе и ништо не може да се предвиди.

Колку сте задоволни од учесниците?

Сме задоволни, затоа што има доста луѓе со солидно знаење. А, сум била пријатно изненадена од кандидати кои не стекнале факултетска диплома, но имаат широка општа култура. Неодамна, таксист од Штип покажа неверојатно познавање на повеќе области. Се разбира, интересни се и случаите кога не го знаат одговорот на многу лесни прашања. Во такви моменти обично се правдаат со трема и брзината со која мора да се одговори. Мислам дека на таквите ќе им дадеме шанса да се покажат во уште некоја сезона.

Многу коментари имаше за новогодишното издание, во кое учествуваа познати личности, а дел од нив не се прославија баш со одговорите...

Да, тогаш имаше некои грешки, но мора да им се оддаде признание на тие луѓе што покажаа доволно доблест и храброст да го прифатат предизвикот и да се појават во квизот.

Дали некои побараа да бидат исечени деловите за кои знаеја дека ќе предизвикаат смеа кај публиката?

Не, никој не побара такво нешто. Сите рекоа дека е поинакво чувството кога ќе застанеш зад пултот, дека во моментот добилр трема, дека сум им изгледала „страшно“, иако се знаеме со години. Сето тоа ги пресекло и им направило блокада, која резултираше со дел од одговорите што ни ги понудија. Но, мислам дека сите тоа го сфатија само како уште еден вид убава забава.


 

Извор: http://intervjua.com.mk/

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
40
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Сексуална активност и оргазми за време на ...
„Сексот за време на бременоста е добар за вашето тело, за вашата самодоверба, отчукувањата на срцето и за врската со пар...
3
Ден на мајката: Совршен подарок за мама
Татковци, проверете ги одличните идеи за тоа како можете да ја изненадите и воодушевите сопругата, заедно со вашите деца
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?