|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
“Едно време какви лоши свекрви имавме, а сега колку лоши станаа снаите...”

image
/11


Така сигурно започнуваат кафе муабетите на свекрвите. Ретко се случува во тоа друштво да има една која стои настрана и молчи. Зошто ли? Бидејќи се разбира со снаата и не може да каже ништо лошо за неа. Како да се зголеми популацијата од овој вид?

Проблемот секогаш произлегува од зборот свекрва, што на Старословенски значи “своја”, ”крв”, значи таа е веќе Ваш близок роднина. Друг интересен факт е што зборот свекрва нема деминутив. За сметка на тоа широко е прифатен аугментативот “свекрвиште”, изговорен со длабок емоционален набој.

Ако брзо ја прекинете јазичната бариера и наместо “ало” “еј” “свеки” и други слични извици, и контактирате преку зборот “мамо”, веќе сте направиле чекор кон приближувањето. Во принцип, многу тешко е да наречеш друг човек, освен својата мајка, така, но има свекрви кои навистина со текот на времето ќе го заслужат тој епитет. Користете го овој израз само доколку чувствувате дека треба. Во спротивно, зборот ужасно горчи во устата, и во директна и во преносна смисла.

Една народна приказна раскажува за маж, кој одлучил да стави крај на расправиите, откако рекол дека мајка му ќе живее со нив, но во подрумот. Од сопругата барал да и носи само храна. Жената долго се правела дека ги исполнува своите обврски, но по извесно време направила скандал, велејќи дека свекрвата многу ја нервира. Тогаш мажот ја открил вистината – во подрумот никогаш немало никого, освен стара скулптура, завиткана во облека “Скулптура не скулптура, штом е свекрва – надвор!” – рекла жената.

Заклучок: Не судете предвреме. Дајте им шанса на добрите односи. Обидете се да ја запознаете мајката на својот сопруг, пред да ја прогласите за непријател.

Проблемот е во тоа што двете жени се борат за љубовта и вниманието на еден ист маж – на едната сопруг, на другата син. Мајката се плаши дека го губи синот, за кого била најважна жена целиот живот. Почнува да се чувствува отфрлена и осамена. Француската психоаналитичарка Кристин Оливие, ова го нарекува феномен на изгубена надеж. Мајката го воспитала синот без да помисли на моментот кога тој ќе ја напушти. Несвесно, таа го формирала според својот идеал. Одеднаш совршениот син се оддалечува од неа и тука доаѓа до израз родителскиот егоизам. Од друга страна е сопругата која сака да ја преземе функцијата на жена во семејството и секое мешање од страна е закана за неа.

Пријателска врска со свекрвата е можна, но потребно е да се прават компромиси. Кога ќе видите дека конфликтот расте, не тријте ги рацете за кавга, туку отстапете (два, три пати ако е потребно), одговорете пристојно на прашањата и не делете совети.

Не ја пренесувајте вината на сопругот. Ако нешто во нејзиното однесување Ве иритира, кажете и неа, не нему. Најсилното оружје се мирни и непретенциозни аргументи. Би било погрешно да ги излеете негативните емоции, предизвикани од конфликтот со свекрвата, на Вашиот сопруг. Ако имате потреба да ги споделите, одберете некоја пријателка. Не е добро пред сопругот да зборувате лошо за неговата мајка. Не преувеличувајте и не драматизирајте. Толкувањата од типот “Што сакаше да каже со тоа?” ќе внесе непотребни мелодрами. Придржувањето кон она што реално се случило (слушнато, кажано, направено) ќе го претстави проблемот во реална големина.

Бидете внимателна кон неа. Таа мора да разбере дека не го изгубила синот, туку добила ќерка. Не станува збор за секојдневни посети, со долготрајни разговори, туку малку да се заинтересирате за нејзиното здравје, секојдневниот живот, или проблемите во домот. Кога сопругот зборува со неа на телефон, поздравете ја, прашувајте ја за ситни работи, рецепти, совети за чистење дамки. Така и таа самата ќе се чувствува корисна и важна. Една тема која бескрајно ќе ја израдува е детството на син и. А која мајка би пропуштила да ги пофали талентите на детето, неговите успеси во училиште?

За да не се грижи за синот, покажете дека се грижите за него и колку Ви е добро заедно.  Во секој момент споделете со неа што сте зготвиле, каква нова облека сте купиле, колку романтично сте поминале изминатиот викенд.

Една од работите која може да ги стопли односите меѓу свекрвата и снаата, исто како што чаша чај го стоплува телото, е подарокот. Израдувајте ја свекрвата со нешто тривијално, комплет чинии- ако е кралица во кујната, спа масажа- ако е деловна, активна жена, слики од внучињата- ако е грижлива баба.

Всушност свекрвата може да ви биде многу корисна, да ги храни мачките, да пазарува наместо Вас, да подготвува специјалитети за празници, да ги чува внуците додека сте на работа и за време на викенд, да Ве поддржува при секоја расправија со сопругот.

Можно е, обидете се ! :)

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
6
Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
4
Не разговарајте со мене додека детето има ...
Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот. На ...
4
Децата и пролетниот замор
Пролетниот замор е вообичаен не само за возрасните, туку и за децата. Дознајте кои се најефикасните средства кои го ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?