Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
АБР или Advanced Biomechanical Rehabilitation има уникатен пристап кон проблемите кои ги имаат децата со посебни потреби. За прв пат на полето на рехабилитацијата се јавува терапија со која сите деца добиваат трајни подобрувања, терапија која нуди напредок без граници.
Во својата програма за рехабилитација АБР главниот акцент го става на опоравување на мускуло-скелетниот систем.
Што всушност тоа значи и какви подобрувања се добиваат?
Сите знаеме дека 90-60-90 се совршени пропорции нa eден врвен топ модел. Ниеден од нас не е совршен, но сепак точно се знае кои се границите во кои се движат пропорциите на едно човечко тело. Затоа некако изгледаме складни.
Кога станува збор за церебрална парализа, огромни се отстапките од тие нормални пропорции .Еве некои од отстапките кои се јавуваат кај овие лица.
Поврзувањето на коските од черепот т.н. шевови не се наместо, челната , тилната , слепоочната коска се изместени, завртени и како резултат на тоа се јавуваат деформитети не само на главата туку и на вилицата. Така ако кај здрава индивидуа крајот на вилицата се наоѓа два прсти под завршетокот на увото, кај овие лица тој завршеток е изместен. Вилицата има сосема поинаква форма , па затоа и непцето од горната вилица е повисоко, па и забите се раздвоени. Заради краткиот врат, коренот на јазикот е многу повисоко поставен па многу често јазикот е надвор од устата. Тоа не е невролошки проблем, туку просто и едноставно, заради тоа што коренот се наоѓа повисоко, на јазикот му е најудобно во таа положба.
Адамовото јаболко е исто така многу високо поставено, а гласните жици кои се наоѓаат во вратот ја немаат потребната должина и јачина.
Белите дробови, ја немаат потребната големина , па градниот кош е е испакнат (бочваст) и тропа како во празно, или е премногу сплескан. Просторот помеѓу ребрата е намален, а долните ребра се испакнати, стомакот пропаднат како во дупка. Карлицата е тесна и завртена.....Тоа е еден дел од таа општа слика на телото на лице со ЦП.
АБР во првата фаза , работи на зголемување на белите дробови, издолжување на вратот и подобрување на состојбата на стомакот.
Со ширење на белите дробови, се зголемува нивниот капацитет, со тоа настанува една од најважните промени, повеќе кислород оди во крвта, повеќе кислород стигнува до мозокот, со тоа децата се по будни, посвесни и поконцентрирани, вниманието се подобрува. И не само тоа. Кислородот е важен елемент во сите биохемиски процеси кои се одвиваат во организмот. Па затоа и метаболизмот на клетката се подобрува.
Основен елемент за појава на говорот е токму вниманието.
Човековиот апарат за говор го сочинуваат гркланот, гласните жици, душникот, белите дробови, усната и носната празнина, носните синуси, градниот кош.
Заради пореметеност на структурата на горенаведените делови, говорот кај лицата со ЦП или воопшто не постои, или е ограничен.
Многу често велиме дека овие деца зборуваат со очите. Некои од нив се многу паметни, разбираат многу, и кога ќе ги погледнеме во очи ни се чини дека во тоа тело е заробена личност која сака нешто да ни каже но едноставно не може.
Со АБР вежбите за врат, во првите 6 месеци се добива издолжување на вратот и започнува зајакнувањето на гласните жици. Со тоа после минимум 300 саати работа гласот се прочистува, се јавуваат нови гласови, а кај некои деца и говор. Што точно ќе се добие , зависи од состојбата во која се наоѓа личноста во моментот кога почнува со АБР. Затоа велиме дека резултатите од АБР се однапред предвидливи.
АБР не е магија. Тоа е нешто кое мора сите да го знаеме. Потребни се часови и часови работа. Но, со упорност, истрајност и посветеност, се добиваат прекрасни резултати кои никогаш не се губат.
АБР нуди решение, и одговор на многу прашања , и тоа е нешто што не може да се најде во ниту една друга терапија.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?