namesp во 10:12
Дали сте iPhone мајка?
Редакција Рингераја, 27.5.2014
Ѕидовите кои ги разделуваа двата мои животи почнаа да се рушат. Мама која работи и Мама која игра почнаа да се спојуваат.
Кога Мама која игра беше во паркот, Мама која работи ќе добиеше важен e-mail и мораше да одговори веднаш. На моменти исчезнуваше Мама која игра, а нејзината улога ја преземаше Мама која работи, а ќерка ми добиваше врескачки тантрум, лута што и е скратено моето внимание.
Ова се случува редовно откако го имам мојот паметен телефон. Во времето кога го немав мислев дека современата технологија ќе го направи мојот живот полесен. Повеќе нема да се давам во неодговорени мејлови, твитови, пораки и известувања на фејсбук. Кога би седнала на компјутер би се насочила на својата работа, а не на социјалните мрежи.
Но, моите посебни идетитети толку многу се измешаа, што јас сега сум iМајка.
И бидејќи се обидував да направам 10 работи одеднаш, со брзина од 1000 милји на час, тоа можеше да значи само едно: ќерка ми беше таа која страда.
Времето кое требаше да го поминуваме заедно, мојот iPhone почна постепено да го јаде. Колку повеќе пораки одговарав, толку повеќе твитови имав. Колку повеќе известувања на фејсбук прегледував, толку повеќе ми се враќаа. Немаше крај.
Дали ова ви звучи познато? Според експертот за родителство Сју Аткинс, моето искуство е слично со сите родители кои користат паметен телефон. “Редовно добивам прашања од родителите за однесувањето, кое за жал е предизвикано од мулти-таскингот на нивните телефони, во времето кое треба да биде квалитетно поминато со децата.”
“Треба да размислите за пораката која им ја испраќате на децата. Ако сте на iPhone во времето во кое треба да бидете со нив, недвосмислено им кажувате дека тие се на второ место.”
Според Сју, ова може да доведе до непослушност – нешто кое ми е многу добро познато. Кога ќе сакам да одговорам на e-mail во друштво на ќерка ми, често сум наградена со тресок во чело, искинати страници од книга или килим извалкан со водени бои.
Во тоа време мислев дека нејзиното однесување е развојна фаза. Но објаснувањето е само едно – а вината е во мене.
“Непослушноста е само начин да се привлече внимание”, објаснува Сју.
Не е ни чудо што моето дете продолжува со ова предизвикувачко однесување, кое е награда за iMajката која “внимава” на неа.
Откако сфатив дека моето мулти-таскинг однесување никому не носи добро, освен на моите ѕидови кои изгледаат интересно во различни бои, јас сум во дилема како да го решам проблемот.
Сега имам телефон кој ми овозможува да одговарам веднаш на пораките и да им бидам постојано достапна на моите пријатели на фејсбук, а се двоумам да се вратам на својот претходен живот.
Постојат многу различни начини за да се измери успехот. И навистина постојат. Додека мојот iPhone ми помага во желбата да успеам во својата работа и да не ги запоставам пријателите, се чини дека заборавам на најважното нешто. Она во што сакам да успеам повеќе од било што друго на светот е: да бидам мајка. И на тој испит не смеам да паднам.
Ако тоа значи дека треба да и речам збогум на iМајката и да и посакам добредојте на Мајката која игра и Мајката која работи, ќе го направам тоа.
Збогум Iмамо, не ми беше драго што те запознав.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...

Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...

Многу често ние родителите се запоставуваме самите себеси заради доброто на нашите деца. Но, она што стручните лица го м...

Ласкавата титула "Најзгоден татко на Инстаграм" ја носи италијанскиот моден блогер и дизајнер, а штом ја видите пр...
