Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Исцрпеност
Тоа е најчест симптом, но и најтежок за препознавање. Забрзаното темпо на живот кое го исцрпува организмот стана нешто што само по себе се подразбира, па во денешно време е “нормално” да се чувствува замор.
Но, ако при нормален напор се чувствувате слабо, безволно и дефокусирано, можеби тоа е заради недостаток на железо.
Тешка менструација
Еден од симптомите кај жените е тешката и болна менструација. Заради недостатокот на железо жените губат повеќе крв отколку што е можно да се надокнади. Треба да проверите колку често менувате влошки и тампони. Ако ги менувате на 1-2 часа, треба да го контактирате својот гинеколог.
Бледи сте
Хемоглобинот му дава на лицето црвена здрава боја. Ако немаат железо во крвта, луѓето изгледаат бледо. Доколку внатрешната страна на усната е бледа, причина за тоа може да биде недостатокот на железо.
Брзо издишувате
Без оглед на тоа колку длабоко дишете, ако количината на кислород во крвта е мала, ќе се чувствувате како да сте без здив. Ако забележувате дека брзо се издишувате правејќи нормални, секојдневни работи, задолжително посетете лекар.
Срцето ви чука брзо
Ако забележите дека срцето ви прескокнува, или забрзано ви чука, причината за тоа може да биде акутна анемија.
Синдром на немирни нозе
Имате чувство на немир, нелагодност, или тежина во долниот дел од екстремитетите, додека седите или лежите? Тешкотиите може да бидат изразени до толку што ноќе не спиете, уморни сте, исцрпени и на крај исклучително фрустрирани. Тие тешкотии се нарекуваат синдром на немирни нозе. Според истражувањата 15% од пациентите со тие пореметувања имаат ниска количина на железо во крвта. Колку нивото е пониско, толку симптомите на ова пореметување се поизразени.
Јазикот ви изгледа чудно
Освен што недостатокот на железо во крвта води до тоа јазикот да изгледа бледо, тој исто така може да има и чуден облик. Јазикот е мускул на кого му треба железото од крвта, за да може нормално да ја извршува својата функција.
Ја губите косата
Недостатокот на железо, посебно ако се развие во анемија, доведува до опаѓање на косата. Телото испраќа кислород во деловите кои се потребни за нормално функционирање на организмот, а косата не е тоа, па затоа паѓа.
забава Бремените
Автор: bobik
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Мајчинство и сексуалност. Како се менува интимноста?
Мајчинството е патување исполнето со љубов, предизвици и големи промен...
Како да се справиш со првите мајчински стравови?
Стекнувањето на титулата мајка е едно од најубавите, но и најпредизвик...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?