Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
 
                    			   
                    			
Состојбата во која се наоѓа Вашата кожа, квалитетот на косата или мекоста на рацете се само показатели, кои кажуваат во каква состојба е Вашето здравје, колку сте полни со самодоверба или пак, колкава грижа посветувате на личната хигиена. Грижата што ја вложувате во одржувањето на Вашето здравје, менталната смиреност и надворешната убавина многу зборува за тоа каква личност сте. Затоа вложувајте во безвременоста на Вашата убавина, покажувајќи навремена и континуирана грижа и нега за сопствениот изглед, хранете се како однадвор така и однатре со најполезните состојки уживајќи во убавина која им пркоси на надворешните промени.
Сакале или не, живееме во општество во кое убавината е многу моќен фактор кој што влијае врз третманот што ќе го добиете во светот. Само при еднократно следење на медиумите може да се забележи дека најпознатите славни личности ги знаат најголемите трикови за разубавување, а со тоа само се зголемува и потенцира можноста од козметички производи и засилена опседнатост со одржување на младешката убавина.
Меѓутоа, прастара вистина е дека убавината не зависи од тоа колку сте подготвени да платите да ја одржите илузијата, туку колку навистина сте се труделе во текот на целиот живот за негата и одржувањето на својата убавина. Се разбира, најлесно е да се посегне по веќе готови производи за нега на кожата, кои денес ги има во изобилство на пазарот, но со континуирана и правилна нега многу лесно може да уживате во убава кожа без напорни операции, или болни хемиски интервенции кои ќе Ви ја раскинат кожата на парчиња. Во раните години од младоста реално не постои потреба од употреба на препарати за заштита на кожата или интензивни козметички третмани, но тоа не значи дека константната нега треба да ја почнеме дури со појавата на првата брчка.
Режимот за нега на кожата во 20-тите или 30-тите години сепак може да ја одреди брзината со која истата ќе се менува или ќе старее. Затоа, навреме откриј те што му годи, а што му пречи на Вашиот тен. Ако совршениот тен во Вашето семејство е производ на генетиката не значи дека можете да се опуштите и без многу напор да уживате со она со што Ве обдарила. Тоа ќе Ве спречи да го предвидите моментот кога на Вашето лице ќе се појават првите линии околу очите или усните. Првата брчка не е показател на зрелост или повод за прослава, но е доволно добра причина да почнете да посветувате внимание на секојдневната нега и од корен да ги измените досегашните навики за одржување на убавината.
Секој би сакал да има здрава и сјајна кожа но за да дојдеме до тој квалитет потребно е редовно да ја негуваме нашата кожа, навика која за жал повеќето луѓе ја немаат. Некои стручњаци сметаат дека се потребни 21-30 дена за да се стекне навика. Ако си зададете цел дека во следните 20 – 30 дена ќе применувате основна рутина на нега на кожата, до истекот на терминот истата ќе ви премине во навика која секојдневно ќе ја практикувате. Почнете со редовна дневна нега на кожата која ќе опфаќа чистење, тонирање и навлажнување на кожата 2 пати дневно. Во спротивно акумулирате мртви клетки, а шминката измешана со нечистотии од атмосферата ќе ги затвори Вашите пори што може да и дадат безживотен изглед на Вашата кожа. По чистењето и тонирањето навлажнете ја кожата со хидратантен крем.
Зошто не смеете да го избегнувате редовното чистење на кожата?
 Треба да знаете дека сонцето, тврдата вода, клима – уредите и централното греење, постојано ја сушат кожата. Ако пиете приближно 2 литри вода дневно ќе придонесете Вашата кожа да ја добие потребната влажност однатре, но ќе и биде потребна и дополнителна влага однадвор.
Затоа, квалитетен хидратантен крем ќе Ви помогне во спречувањето на сушењето на кожата. Сите типови кожа, вклучително со масната кожа, бараат дополнителна влага, но за масна кожа користете лесен не масен крем, кој нема да ви ги затвори порите на лицето. Кожата околу очите е особено нежна поради трепкањето, а окото е во постојано движење. Кожата во овој дел од лицето е потенка од останатата кожа и содржи многу помалку лојни жлезди, поради што полесно се суши и е подложна на формирање на брчки. По 30-тата година од животот сврзното ткиво на кожата ја губи еластичноста што резултира со формирање на брчки околу очите.
 2
2
 2
2
 2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...


