|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нова книга на Емилија Златкова Анастасова

Марина Кљајиќ Петковски, 25.10.2021
Стереотипот дека мајките, посебно оние на три деца, не можат да бидат успешни и на професионален план, секојдневно го рушат многу успешни жени.Меѓу нив е и авторката Емилија Златкова Анастасова, која од неодамна е уредник на издавачката куќа Збор

image
/11


 

Рингераја: Деновиве излезе од печат твојата нова книга „Новогодишна ноќ". Истата обработува многу интересна тема. Кажи ни како се роди ова твое дело? 
Емилија: Многу пати ми се случува да сонувам сон во кој нешто им се случило на моите деца или дека едноставно ги нема, јас знам дека постојат, ама во сонот ги нема. И тоа е една страшна болка која ја чувствувам во самиот сон, но и кога ќе се разбудам ја чувствувам и станувам да проверам дали децата ми се тука. :) 
И така некако се роди книгава. Беше некаде околу Нова година лани па ја поврзав со Нова година и ја поврзав со некои ликови од "Неверство" што за мене е едно интересно искуство да еден лик го градиш и оформуваш во различни книги. 
И така всушност, оваа книга е една моја борба со еден страв, кој верувам е присутен кај повеќето мајки.
Рингераја: Дали планираш промоција?
Емилија: Промоција не сум планирала, од причина што постојат веќе толку протоколи што се изморив да ги следам, а едно е сертфикат за вакцина како услов за присуство на вакви настани - па јас не сакам да бидам повод за нечија дискриминација. 
Можеби, ако се променат условите, можеби и ќе има.
Рингераја: Од неодамна покрај творештвото, почна да работиш и како уредник на издавачката куќа Збор. Како се случи тоа?
Емилија: Знаете јас сум голем сонувач - и не се плашам да имам големи сонови.
Се сеќавам бев студент, бев на некоја конференција и таму еден предавач зборуваше за соновите и рече "Не се плашете да сонуввате големи соништа. Ако сонувате големи соништа можат да се случат големи нешта, ако сонувате мали, тоагаш тоа и ќе се случи."
И еден од моите големи соништа беше издавачка куќа. Ама се тоа тоа навистина наликуваше само на сон. 
А постојат толку добри книги кои не се ни познати на нашето поднебје, не само во Македонија, дури и на Балканот и се фрустрирав што гледав некои исто автори кои ги актуелизираат. И тоа ме поттикна да истражувам, да запознаам некои автори од странство, па и издавачи. И еден ден една личност со која имав споделено за мојот сон ме "боцна" и поттурна да направам некои чекори. И уште неколу личности го охрабија мојот сон и јас направив први чекори на вера. Токму тоа беа, само чекори на вера во кои и јас очекував дека нема шанси ни да зачекорам. Ама нештата така почнаа да се случуваат , и за краток период веќе имав договори за соработка со странски издавачи. И кога го потпишав првиот договор бројката на години за соработка ме здрмаа и си реков "чекај ова се случува, овде станува збор за нешто сериозно". 
Рингераја: Досега се објавени 5 книги, меѓу кои преовладуваат македонски автори, што е за почит. Какви се плановите за иднина, кои наслови и автори ни ги најавувате?
Емилија: Јас сум автор повеќе од дваесетина години, ама за жал читателската публика можеше да ме запознае повеќе последните години, затоа што беше, а и уште е тешко да се објави книга во Македонија. А и не е само да се објави треба и да дојде со читателите.
Така, откако имав ветување од неколу издавачи за објавување на мојот роман "Близнаци" па со години остана само ветување откако го поминав периодот на разочарување решив да ги земам нештата во свои раце и го објавив како самоиздавач. Ама скоро никој нема кој да ти даде насоки како и што. Па решив она што јас го научив да го искористам во подршка на македонски автори. Не дека знам јас премногу, јас учам секојдневно, ама тоа што го знам сакам да го искористам за помош и на другите. 
Верувам има уште бисери кои можеби и прашина фатиле од неупотребување, ама бисерот е бисер и не ја губи вредноста, а јас сакам да ги охрабрам таквите бисери да ја покажат убавината. 
Во меѓувреме работиме на превод на неколку интересни книги кои се надевам барем уште една ќе биде објавена пред Нова година и други веднаш по Нова година.
Рингераја: Што ќе им препорачате на читателите?
Емилија: Ги охрабрувам да излезат од читателските конфор зони и да дадат шанси и на други автори од тие кои "повеќето" ги читаат, зашто постојат добри автори и добри книги за кои не сме ни слушнале ние.
Благодарност до Емилија за издвоеното време и уште еднаш, честитки за новата книга и уште многу успеси!

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Хуманитарен проект на Софија Петковска
Поздрав до сите читатели на вашиот сајт. Најпрвин да се претставам на јавноста, јас сум Софија Петковска, дипломиран пед...
9
Интервју со “Величествениот”
Синот и сопругата се најважните личности во мојот живот!
4
На кафе кај Марија - Beautiful M Jewelry
Марија Ѓеровска е 29 годишна битолчанка, дипломиран физиотерапевт, вработена во приватна стоматолошка ординација како се...
4
На кафе кај Душица и Мартин Панајотовиќ
Молекуларната биологија е релативно млада гранка, која во текот на оваа ковид пандемија изби на површина и најде примена...
4




Анкета

ILARIJA
sweety***

Dali vi se dopaga imeto ILARIJA?

da mnogu (11%)

da (6%)

i taka i taka (11%)

ne (72%)


Број на сите гласови: 47

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!