Идеи за Велигденска декорација
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Убава вазна за Велигден
Со помош на неколку стаклени тегли, боја или предиво во боја може да си направите убави и ефектни вазни кои ќе ги красат трпезата за Велигден. Другата опција е да го наполните садот со бели велигденски јајца, памук или бели бонбони, а на капакот на садот да ставите зајачки уши. Со помош на боички нацртајте очи, нос, мустаќи и уста напред, а одназад залепете памук за опашка.

Велигденски украси со предиво
Направете Велигденски јајца од предиво. За таа цел ви треба лепак на водена основа. Откако ќе го растворите, натопете во него конци предиво. Додека чекате да се потопат, треба да надуете неколку мали балони. Потоа намотајте го предивото околу балонот и почекајте да се исуши. Кога тоа ќе се случи, дупнете го балонот.

Велигденска мини кошница
Се прави брзо и лесно од хартија. Може да ви послужи за декорација на празничната трпеза или за држач на обоени јајца, кои сакате да ги подарите на своите блиски. Другата опција е да користите стара картонска кутија која ќе ја исечете во соодветна форма. Обложете ја со обоена хартија и да заврзете панделка или чипка околу неа.

Јајца мозаик
Сварете 8 бели јајца и потоа поделете ги на две половини. Првите четири обојте ги, а од другите 4 изберете две, кои ќе ги скршите и излупите. Потоа со парчињата од излупените јајца почнете да ги украсувате бојадисаните јајца, така што ќе ги залепите парчињата со помош на лепило.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Модерен педикир за лето
Летото е сезона на сандали, боси прошетки и сензуалност која почнува од нозете. Заборавете на „брзо лакирање за на плажа...
4
Фото: Андријана Будимир во невестински фустан
Синоќа во летниот клуб Колосеум се одржа свадбената веселба на Андријана Будимир и скопскиот угостител Јохан. Ја имаме и...
4
Вајолет Афлек се подготвува за сестричка
Малата Вајолет Афлек е забележана на училиште неиспуштајќи ја од раце својата кукличка бебе. Погледнете ги фотографиите ...
2
Прифаќање на телото после породување
Породувањето е неверојатен подвиг, но телото на жената доживува значајни промени за кратко време.
2