|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај @radishas_kitchendiaries

Марина Кљајиќ Петковски, 6.2.2021
Не верувам дека постои некој кој во потрага по кулинарска инспирација, не го открил и испробал рецепт од прекрасниот фуд блог на Радица Китевска, позната по блогот @radishas_kitchendiaries

image
/11


 

Нејзиниот инстаграм профил изобилува со воодушевувачки фотографии од превкусни оброци кои нема да ве остават рамнодушни, дефинитивно мора да ги пробате. Покрај инспиративните рецепти, профилот изобилува и со мотивациони текстови и плени од прв поглед, едноставно Радица успева виртуелно да ја пренесе својата позитивна енергија.


За готвењето, мајчинството, уживањето во животот и многу повеќе, денес разговсрсме со Радица. 

 

Рингераја: Одамна си позната во виртуелниот свет по твојот Инстаграм профил. Пред неколку месеци, истиот беше мета на хакерски напад, но само по неколку часа од отварањето на новиот, бројот на следачи се искачи на над 10К, што само по себе зборува колку истиот е успешен.

Твоите рецепти се доста популарни, твоите следачи постојано ги испробуваат и те споделуваат. 
Какво е чувството да се биде креаторка на еден таков профил, да се биде почитувана, да се биде инспирација за толкав број на луѓе?


Радица:
Пред се ви благодарам на прекрасните зборови. Уф што да ви кажам, пред некој ден си го разлистував дневникот со цели што секоја година ги пишувам и знаете што? Неколку години наназад главна цел ми беше да имам свој блог каде што луѓето ќе учат од мене, каде што ќе им го разубавам секојдневието со сето она што сакам и уживам да го правам... И ете во 2020 година токму таа цел стана реалност, мојот сон се оствари, среќна сум што допрев до толкав број на луѓе, имам секојдневна интеракција со нив, а пред се сум им инспирација и мотивација што за мене претставува најголем мотив да продолжам

 

оброк

 

Рингераја: Како дојде до идејата за да создадеш еден ваков профил? Дали оваа насока ти беше зацртана од почетокот, или се движеше спонтано? 


Радица:
Имав некоја идеја во глава, меѓутоа искрено почна се спонтано, имав замисла блогот да биде повеќе како lifestyle каде што ќе бидат вклучени рецепти, пијалоци, сите продукти кои ги правам од билки, мотивациски пораки и текстови, меѓутоа тоа не значи дека нема ја зачинам мојата проказна со други слатки нешта.

Рингераја: Беше ли девојче кое од мала уживаше во игри кои вклучуваат готвење или оваа страст ја откри подоцна во животот?


Радица: Желбата и љубовта кон храната е од моето најрано детство. Кога сите дечиња дома гледаа Том и Џери јас гледав 24 Kitchen хахах, се разбира тука има голем удел и мојата баба, мајка и тетка кои исто така се кралици во кујна, од кога памтам за мене стално бев качена на столче и бев вклучена во сите нивни подготовки на храна.



Рингераја: Покрај твојот кулинарски инстаграм дневник на кој си посветена, си вработена жена и мајка на 3  годишно синче.
Која е Радица во приватниот живот? Имаш ли слободно време? Како го исполнуваш? 


Радица:
Искрено голем уживател сум на животот и се што тој си носи. Времето не го делам на слободно и зафатено, едноставно уживам во сегашниот момент, правам работи кои ме прават среќна и исполнета. Освен што работам 8 часовна работа, водам блог за храна, мајка сум на прекрасно детенце со кое обожавам да го поминувам времето, исто вежбам пилатес (до пред неколку години бев и инструктор по пилатес), сега вежбам дома или во двор по мои програми кои ги имав спремано за моите вежбачи, следам разни обуки и семинари за личен раст и развој и уште милион нешта за кои ќе ми треба уште многу страни да ви ги опишам.

 

беаутѕ


Рингераја:
Твоите рецепти се доста популарни, а нивно обележје е што се лесни за подготовка за секого, од неискусни тазе домаќинки до зафатени родители и баби, составени од состојки лесно достапни и за сечиј џеб. Од каде инспирацијата ? Каков е процесот од идеја до реализација на еден рецепт? Што ти е појдовна точка - крајниот оброк кој го имаш замислено, па соодветно за него набавуваш намирници или си даваш предизвик да создадеш нешто од намирници кои веќе ги имаш?


Радица: Инспирацијата за моите рецепти е најчесто во мојата глава, како што знаете многу често експериментирам во кујна со состојките што ги имам на располагање па така излегуваат сите чудесии кои до сега ги имам направено. Исто дневникот со рецепти од мојата сакана баба е секогаш тука да ми даде инспирација да ја продолжам нејзината традиција со феноменалните рецепти со кои растев. Секогаш се трудам да ги искористам сезонски достапните намирници кои многумина од нас ги имаат во домот а немаат идеја што да направат со нив.

 

опп


Рингераја: Готвиш за своето синче. Колку тој се интересира за она што мама го прави во кујната? Сака да помага? Го вклучуваш ли во подготовките, дозволуваш ли да си ги закашка рачињата? 

 
Радица: Секако дека да! Без него ниедно јадење нема да е вкусно, сега тој е мала Радица, хаха качен до мене додека готвам.


Рингераја:
Во твојата градина имаш многу билки кои ги одгледуваш со љубов и си имаш во изобилство домашни зачини. Покрај тоа, често во планинските прошетки собираш тревки. Си подготвуваш домашни ликери, чаеви, креми...Од каде интересот и познавањето за истите?


Радица: Љубовта и почитта кон природата е исто наследена од мојата баба, Радица како мала беше многу палаво дете и кога и да ги удреше коленцата, каква рана и да имаше баба ми имаше лек за се! Лек направен од благодетите на природата. Имаше цела библиотека со книги за растенијата, билки, значајноста на секое од нив. Растена сум на планина, во куќичката во подножјето на Кожуф планина, каде мојата баба имаше огромна градина, и секогаш се трудеше да ме храни со домашни органски продукти. Денес јас мојот двор го имам направено органска градина, која заедно со мојата свекрва ја оддржуваме и негуваме со многу љубов, колку што можам гледам да ги вклучам тие намирници во секојдневната исхрана на мене и мојата фамилија. Инаку (како што ме дал Господ не можам да издржам а да не кажам нешто хаха) имам еден surprise за сите вас, поврзано токму со ова што ќе го дознаете наскоро, сигурна сум дека ќе допрам до многу од вас да станат свесна за значајноста на природата и сите благодети со кои таа располага.

 



Рингераја: Веќе една година живееме во пандемија која на сите ни ги измени животите. Како на вашето семејство се одрази истата?


Радица:
Животот не е она што се случува туку како ти гледаш на тоа што се случува. Се е до нашата перцепција на нештата, нашиот фокус. За мене оваа година можам да речам дека беше една од најубавите години во мојот живот. Ми се случија безброј убави моменти и настани, и сите тие карантински денови ги искористив на работа на себе, едукација, созревање, тука можеби и ги научив трите најголемати лекции во животот

1.СРЕЌАТА Е ИЗБОР

2.ТИ СИ КРЕАТОР НА ТВОЈАТА РЕАЛНОСТ,

3.ШТО ЗРАЧИШ ТОА ПРИВЛЕКУВАШ.

 

кики

Рингераја: Раскажи ни ја твојата приказна за бременост и породување, доење, раното детство на синчето. Како и колку те промени мајчинството?


Радица:
Ахх најубавиот период во мојот живот. Искрено бременоста ја поминав како од "песна" (како што ме зафркаваа другарките), бев физички активна, вежбав до последниот ден пред да се породам, едноставно уживав во бременоста. Мојот доенички стаж траеше околу 16 месеци, немавме проблем околу одвикнување едноставно Давид сам си реши дека не сака да цица повеќе, па сум среќна што тој момент помина безболно и за двајцата. Мајчинството како што ме промени така и ме научи на некои работи, да бидам потрпелива, да се радувам на малите нешта, да сакам безусловно, од срце да се смеам и од душа да плачам, растам и созревам секојдневно со Давид, како што јас му дадов живот него, така и тој ми даде мене.


Рингераја:
Социјалните мрежи се неизбежни во денешно време, корисни за - од основна комуникација, до водење бизнис. Какво е твоето мислење на оваа тема? Која е твојата "тајна" за успех на инстаграм, што би им препорачала на оние кои имаат некоја пасија и сакаат да се изразат на социјалните медиуми но се кочат, плашејќи се од неуспех? И за крај, твоја препорака за читателите. 


Радица:
Би им кажала само едно, слушајте си го срцето, водете се од вашата интуиција следете си ги своите соништа, газете цврсто на земјата и запомнете НЕ ПОСТОИ ТАКВО НЕШТО НА ОВОЈ СВЕТ ШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ОСТВАРИТЕ ДОКОЛКУ Е ВО ВАШАТА ГЛАВА. 




Доколку сте во потрага по совршен рецепт за денешниот ручек или десерт, знаете каде да погледнете.

 

Подготви: Марина Кљајиќ Петковски

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Соф...
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петковска опстојува веќе четири години. Оваа година, на ...
6
Поддржуваме мали бизниси: Cacao potentia
Cacao potentia го создадов прво за себе и за своето семејство и сега е достапно за сите кои се љубители на какао и здрав...
4
Дали е потребно да мокрите и да се тушират...
Иако експертите велат дека нема причини за чистење на гениталиите после секс, за многу луѓе, хигиената по сексуалниот од...
3
Изберете новогодишна елка и видете што озн...
Проверете го вашиот карактер, според тоа каква новогодишна елка ќе изберете
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?