Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Гласините за Велигденскиот зајак почнуваат уште од XIII век, од регионот на денешна Германија. Таму секоја пролет луѓето изразувале почит на божицата на плодноста Еостра и во нејзина чест организирале раскошни прослави. Легендите кажуваат дека нејзин симбол била убавата птица на нејзината десна рака, која еден ден неочекувано се претворила во див зајак. Но бидејќи зајакот останал со душа на птица, тој продолжил да прави гнезда и да ги полни со шарени јајца.
Некои ќе прашаат “Зошто токму зајак”? Малкумина знаат дека всушност зајакот е симбол на плодноста, благосостојбата и просперитетот. Секоја пролет зајачињата го зголемуваат семејството, раѓајќи неколку мали зајачиња, а периодот на размножување им продолжува до септември. Затоа зајаците се претвориле во симбол на новиот живот, исто како и пролетта.
Подоцна, околу XVIII век, германските емигранти ја пренесле приказната за Велигденскиот зајак во Пенсилванија, САД. Набргу потоа низ сите континенти се рашири легендата за дивиот зајак, кој снесува шарени јајца, кога ќе се запролети. Неколку часови пред Христовото воскресение тој ги обиколува домовите на христијанските верници и ги става шарените јајца во претходно украсени и подготвени гнезда од децата. Со тек на време ликот на Велигденскиот зајак се претворил во еден од симболите на Христовото воскресение.
Каде живее Велигденскиот зајак?
Исто како што кај луѓето буди љубопитност живеалиштето на Дедо Мраз, ниту Велигденскиот зајак не заостанува поназад.
Според некои легенди локацијата на неговото живеалиште е неразјаснета тајна. Се знае само дека зајакот живее во длабока дупка под земјата, каде што никој не може да го открие. Таму тој ги чува резервите на шарени јајца, чоколадни бомбони и други слатки задоволства за децата.
Според други преданија, Велигденскиот зајак живее во близина на Велигденските острови, а до неговиот дом води тајна патека, до која се стигнува тешко бидејќи личи на лавиринт. Зајакот го избрал токму ова место бидејќи се чувствувал безбеден и заштитен од луѓето и на сигурно го чувал “богатството” кое го собирал за децата во текот на целата година.
Велигденското зајаче денес
Постепено сите деца научиле дека Велигденското зајаче не постои, но сепак традицијата делумно е зачувана и денес. Денес родителите се уште им раскажуваат на децата дека ако бидат послушни и добри во текот на целата година, Велигденското зајаче ќе им донесе шарени јајца, чоколадни јајца, слатки задоволства, играчки, нова облека и нови чевли.
Иако многумина го негираат Велигденското зајаче, бидејќи е пагански симбол, сепак тоа е еден од начините да го направиме Велигден по весел и по радосен празник за децата.
Прочитајте уште:
Бојадисување на јајцата со природни бои
Совети за спречување на пукање на јајцата
Необични светлечки Велигденски јајца
забава Бремените
Автор: bobik
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.