vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Според православниот календар секој ден од оваа недела е “Велик”. Секоја година православните христијани с смиреност ја очекуваат Страсната седмица за да ја зацврстат својата вера, да го зајакнат мирот и да го заштитат единството. Спасителот ги искупува своите гревови преку својата жтрва и преку страдање, болка и љубов и го покажува своето Воскресение.
На Велики понеделник Исус, влегувајќи во Ерусалимскиот храм, се налути на насобраната толпа. Храмот за молитви бил претворен во пазар и во својот гнев Божјиот син ги растурил масите на трговците.
Затоа на Велики вторник Исус поминал во морални упатства, а според црковните канони денот го определил за смирение.
На денот на Светата и Велика среда Јуда отишол кај јудејските првенци и го договорил предавството на Христос за 30 сребреници. На Велика среда се бери здравец првенствено од децата и на Велики петок се дели за здравје. На Велика среда не се работи никаква работа, а ако некој го прекрши ова правило се смета дека ќе му се земе вештината за тоа што го работел.
Велики четврток е поврзан со Тајната вечера кога е утврдено причестувањето. По вечерата Христос зел леб, го благословил, го раскршил, го раздал на учениците и им рекол: ”Земете, јадете, ова е моето тело”. Потоа ја кренал чашата и рекол: “Пијте од неа сите. Тоа е мојата крв на Новиот Завет, која за Вас и за мнозина се пролева за простување на гревовите”. По причестувањето Христос им кажал на своите ученици дека ќе биде предаден.
Велики четврток е најочекуваниот ден во Страшната недела од децата. Тогаш се станува рано и се чекаат кокошките да го снесат првото јајце. Со првото вапцано јајце, уште додека не е исушено, се тријат обравчињата и челото на децата за здравје. Кој нема да стигне да ги вапца јајцата во четврток може да го направи тоа и во сабота.
Велики петок, познат уште и како распнат петок е денот во кој Исус Христос е распнат на крст. Тој ден е посветен на Христовите страдања. На Велики петок не се прави ништо, дозволено е само да се шарат веќе обоените јајца. На Велики петок не се јаде ништо, се пие само вода.
Велика сабота се нарекува уште и душна, бидејќи тогаш се оди на гробот на починатите роднини. На овој ден се месат и печат козињаците и се прават слатки. Ноќта во сабота спроти недела верниците одат во храмовите, палат свеќи и чекаат да се објави Христовото воскресение. Се поздравуваат со “Христос воскресе!”, а одговорот е “Навистина воскресе!”
Прочитајте уште:
Бојадисување на јајцата со природни бои
Совети за спречување на пукање на јајцата
Необични светлечки Велигденски јајца
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...