|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Точно е дека децата се радуваат на Велигденските јајца и сите слатки и убави работи кои ги подготвуваат нивните мајки, но тие уште повеќе ќе бидат исполнети и весели ако ги вклучиме во Велигденските подготовки.

image
/71


 

На овој начин тие ја развиваат креативноста, се учат на одговорност и пофалбата за крајниот производ ќе донесе голема насмевка на нивното лице.

 

Велигденско чистење

Велигден е најголемиот христијански празник, кој го слави Христовото воскресение од мртвите. За таков голем празник, се разбира дека треба да се подготвите. Неделата пред Велигден традиционално е наменета за прочистување на својата душа и чистење на домот. До пред Велики четврток куќата морала да биде тип топ средена. Не смеело да се заборави ниту на дворот, кој никогаш не бил подобро среден. Многу од тие традиции се почитуваат и денес.  Во текот на овие денови прозорите од многу домови се ширум отворени, се чисти и средува и се испушта задушливиот зимски воздух а се внесува свежо пролетно ветре. Откако се е исчистено започнуваат подготовките за богатата празнична трпеза.  Велигденското чистење и другите подготовки кои одат со овој празник, нека не бидат само на Ваш грб. Во зависност од возраста и способноста на Вашите деца вклучете ги во Велигденските подготовки. Нека научат дека убавите работи не паѓаат самите од небо, туку за нив треба да се потрудиме.

 

Бојадисување и украсување на Велигденски јајца

Во Македонија бојадисувањето на Велигденски јајца е еден вид ритуал.  Во денешно време Велигденските јајца ги бојадисуваме на сите можно начини. Јајцата тврдо се варат, а потоа се бојадисуваат и украсуваат или пак се варат директно во боја. Бојата може да биде вештачка или природна – луѓето се повеќе се решаваат за природно бојадисување, особено со листови од црвен кромид. Еден од рецептите за подготовка на Велигденски јаца и нивно бојадисување со црвен кромид е следен: во литар вода ставаме три раце листови од кромид и додаваме две лажици бел оцет. Се заедно вариме до зовривање и оставаме да врие половина час. Обоената течност ја прецедуваме и оставаме да се излади. Јајцата ги вариме посебно во вода, а потоа ги потопуваме во изладената течност за бојадисување и ги оставаме да отстојат триесеттина минути. На бојадисаните јајца може да ставиме сликички со Велигденски мотиви или да ги украсиме повторно со природни материјали – со разни билки, листови, травки и цветови. Ако се одлучиме за втората опција, природните материјали потребно е да ги премачкаме со белка од јајце за да се залепат за свареното јајце или јајцето да го завиткаме во парче хулахопка. Така украсеното јајце го ставаме во ладната течност за бојадисување и го оставаме еден до два часа,  а потоа внимателно го вадиме од бојата и го оставаме да се исуши. Кога ќе ја отстраниме хулахопката и кога јајцето ќе биде изладено, со парче сланина го поминуваме јајцето за да добие убав природен сјај.  Децата, дури и оние најмалите, со задоволство ќе Ви помагаат во бојадисување на јајцата, без разлика дали ги бојадисувате на природен или вештачки начин. Потребна Ви е само уште една мала кошничка, која ќе ја украсите со украсна имитација на сено и во неа ќе ги наредите Велигденските јајца.

Секоја година за Велигден милиони деца низ светот со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на Велигденската кошничка. Таа кошничка е најочекувана бидејќи доаѓа по неколку неделните Велигденски пости. Тогаш во неа се става месо, јајца и млечни производи. Заради тоа не постои начин да не ужива окото, стомачето и срцето на малите дечиња.

Денешните Велигденски кошници се полни со традициите од минатото – зајачиња, пиленца, јајца, бомбони и се вистински пролетен подарок и за мали и за големи. Секој од нас се радува како дете кога подарува и кога ќе му подаруваат за Велигден.

 

Нема Велигденска кошничка од која не штрчат ушите на барем еден насмевнат долгоушко!

Да се чудиш како да го изедеш од што е убав! Традицијата доаѓа од паганска Европа и прочуената зајачка плодност. Во почетокот на XIX век Германците измислиле колачи со долги уши. Чоколадниот Bugs Bunny е исто што и чоколадниот Дедо Мраз.

Штом има чоколадни зајаци, ќе има и чоколадни јајца во Велигденската кошничка.

 

Вистинско уживање за најмалите!

 

 

Прочитајте уште:

Бојадисување на јајцата со природни бои

 Совети за спречување на пукање на јајцата

Необични светлечки Велигденски јајца

Симболика на црвеното јајце


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со Елена Мазниковска: Станав мајк...
Елена Мазниковска е сопруга, мајка и блогерка. Ви ја претставуваме нејзината страница на Инстаграм и ви ја споделуваме н...
5
Кога ќе пораснеш и кога ќе бидеш маж...
“Кога ќе пораснам, ќе бидам маж”, рече гласно и насмевка го облеа твоето слатко лице. Јас те поскокоткав по стомакот, ко...
4
Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
3
И зборовите знаат да болат - втор дел
Детето има исти потреби како возрасните: Да се чувствува сигурно, сакано, почитувано, вредно за љубов, прифатено, способ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?