Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Некои од овие состојби исчезнуваат со текот на времето без никаков третман. Некои состојби кои остануваат или стануваат посериозни може да се поврзани со други состојби. Други ортопедски состојби пак, како на пример дупчето на брадата, се само нормални варијации на човечката анатомија за кои не е потребен никаков третман.
Рамни табани
Повеќето бебиња се раѓаат со рамни табни а потоа стапалата правилно им се обликуваат. Но, кај некои деца вдлабнатината во стапалото никогаш не се оформува. Родителите често забележуваат дека нивното дете има “слаби глуждови”, но всушност глуждовите се вртат навнатре при одење поради начинот на кој стапалата се оформени.
Рамните табани обично не претставуваат некаков голем недостаток и докторите препорачуваат лекување само доколку дојде до појава на болки. Тие не препорачуваат ниту некакви посебни обувки бидејки тие не влијаат на формирањето на вдлабнатината во стапалото.
Родителите на деца со рамни табани обично велат дека нивните деца се “потрапави“ отколку другите но докторите велат дека рамните табани не се причина за загриженост и тие не би требало да претставуваат пречка во способноста за спортување. Понекогаш докторите препорачуваат посебни влошки како поддршка за стапалото за намалување на болката.
Одење на прсти
Одењето на прсти е вообичаено кај децата кои се на возраст на проодување т.е. околу втората година од животот. Обично оваа појава исчезнува после втората година но се случува кај некои деца да остане. Повременото одење на прсти не треба да ги загрижува родителите. Но ако детето постојано го прави ова и не престанува после втората година, тогаш треба да се посети доктор. Постојаното одење на прсти кај постарите деца или пак одењето на прсти на едната нога може да биде поврзано со други состојби како церебрална парализа и слични проблеми со нервниот систем.
Постојаното одење на прсти кај здравите деца пак треба да се лекува, понекогаш и со гипс на стапалото или глуждот кој ќе биде носен околу 6 недели со цел да се истегнат мускулите.
Одење со стапалата навнатре
Одењето со стапалата навнатре е уште една нормална варијација на начинот на кој се оформуваат нозете и стапалата. Меѓу осмиот и петнаесеттиот месец од животот, бебињата често ги накривуваат стапалата навнатре кога учат да одат. Медицинскиот назив за оваа состојба е феморална антеверзија.
Речиси никогаш нема потреба да се лекува оваа состојба. Специјалните обувки и протезите кои порано често биле употребувани всушност никогаш не го забрзувале бавното подобрување на оваа состојба.
Ни оваа појава не претставува некаков проблем при трчање, одење, спортување, и речиси секогаш исчезнува самата кога децата преминуваат во тинејџерството и развиваат подобра координација и контрола на мускулите.
Одење со колената нанадвор
Одење со колената нанадвор е состојба (понекогаш наследна) во која нозете од колената надолу се претерано свиткани нанадвор. Честопати се забележува кај децата и обично исчезнува со текот на времето. Но доколку оваа состојба не исчезне после втората година од животот или пак ако е присутна само на едната нога а не на другата, тогаш може да станува збор за многу поголем проблем како Рахитис или Блаунтова болест.
Рахитисот е проблем со развивањето на коските поради недостаток на витамин D или калциум во исхраната. Тој може да предизвика големо искривување на нозете на надворешната страна а може да предизвика и болка во мускулите и зголемување на слезината и црниот дроб. Рахитисот бил многу почеста појава во минатото отколку денес. Рахитисот и искривените нозе многу лесно се поправаат во денешно време со едноставно додавање на витамин D и калциум во исхраната. Но некои видови на рахитис се резултат на одредена генетска состојба и можно е да побаруваат посебен третман од ендокринолози.
Блаунтовата болест е состојба која влијае на потколеницата. Искривувањето на нозете какорезултат на Блаунтовата болест може да се забележи кога детето има околу 2 години. Оваа состојба може ненадејно да се појави и ненадејно да се влоши. Причината за Блаунтовата болест не е позната, но таа предизвикува абнормален развој на врвот на потколеницата. За да се поправи овој проблем можно е да биде потребна протеза или операција кога детето има помеѓу 3 и 4 години. Доколку искривувањето се јавува само на едната нога и постојано се влошува, потребно е да го однесете вашето дете на доктор.
Одење со споени колена
Повеќето деца на возраст од 3 до 6 години се склони да одат со колената навнатре. Речиси никогаш нема потреба од третман бидејќи оваа состојба самата се поправа како што детето расте. Сепак, доколку состојбата е премногу изразена или пак се јавува само на едната страна, потребен е посебен третман.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Прашање.
пеперутка16
Дали некој од вас чува крави? Ако е така, што правите со млекото? Не се шалам, сериозно прашувам, не знам што да правам со млекото?