Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Џесика е мајка на четири деца на возраст од една и дванаесет години, која едвај има време за спиење и која за себе вели дека се обидува да биде колку што е можно попозитивна на лудото, стресно, прекрасно, болно и истоштувачко патување наречено мајчинство.
Прочитајте го нејзиниот текст адресиран до мажите на кои им се чини дека имаат нервозна сопруга.
Неодамна имав еден од „оние“ денови како мајка. Се чувствував огорчено и фрустрирано и на некој начин гневно, и да, бев лута. Маж ми дојде и ме праша дали сум добро, а спомна и дека во последно време му се чинело дека му сум лута постојано.
Прво го негирав неговото тврдење. Не му бев лута нему. Или пак можеби му бев?
Накратко се подзамислив, а потоа му признав дека ме полудува тоа што се тушира со затворена врата и што кака без да му тропаат на вратата како куќата да гори. Му реков дека сум фрустрирана што никој не го буди сред вечер за да го праша колку е голем универзумот или за да му побара гушкање или вода.
Му објаснив дека ме разбеснува тоа што може да си ја јаде храната топла и што сè уште го собираат панталоните од пред три години. Колку повеќе нешта му набројував и колку повеќе се слушав себеси, толку повеќе сфаќав дека навистина сум лута.
Да, тие изгледаат тривијално ако ги гледаме одделно, но ако ги видиме сите и ако земеме предвид дека тие се повторуваат секојдневно, со текот на времето тие се трупаат и стануваат вистински проблем. Иако овие нешта не се директна кривица на мојот сопруг, тој е единствениот возрасен во куќата покрај мене. Па, започнав да смислувам начини како тој би решил некои од проблемите и би ми помогнал да бидам помалку лута.
Па, ова се моите објаснувања и предлози (со доза на хумор) наменети за сопрузите на нервозните сопруги:
Најважно од сè е да запомниш дека таа те сака. Таа те избра тебе да и се придружиш на ова лудо патување наречено родителство и иако е премногу уморна и истоштена на крајот на денот за да ти каже, таа те цени. Издржи. Вреди да издржиш. А да, добрата старомодна прегратка никогаш не е на одмет.
забава Бремените
Автор: bobik
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Промени на телото во првиот триместар на бременоста
Првиот триместар од бременоста (недела 1-12) е период на големи видлив...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?