|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто собирањето сликчиња е добро за вашето дете?

Редакција Рингераја, 18.6.2014
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ, соработник на УНИЦЕФ за едукација, член на Комитетот на МЕНСА за даровити деца: “Собирањето сликчиња е многу корисна игра и ја препорачувам на секој родител!”

image
/11


 

По повод актуелното светско првенство во фудбал, дали можете да објасните зошто пропагирате собирање на сликчиња и како тоа влијае на развојот на интелегенцијата?

Пред да објаснам зошто собирањето на сликчиња е добро, би кажал неколку зборови за тоа колку родителите грешат давајќи им на децата потполно бескорисни игри, па дури и дозволуваат штетни активности, мислејќи дека тоа е нешто корисно. Се повеќе дека има со развојни пречки, дислексија, дискакулија, а нарушување на говорот има скоро секое второ дете.

Собирањето сликчиња е мног корисна игра и би му препорачал на секој родител да го воведе своето дете во светот на сликчињата, без оглед на тоа дали се работи за машко или женско дете. За подобро да разбереме, накратко би објаснил дека развојот на интелектуалните способности зависи од генетиката и опкружувањето. А тоа сме го заборавиле, бидејќи се помалку мислиме на опкружувањето на детето. Уште поважен податок на кој мораме посебно да обрнеме внимание е тоа дека врската  меѓу мозочните клетки  наинтензивно се развива по раѓањето најмногу  до петтата година, до седмата и до дванаесеттата година. После тоа и понатаму се создаваат нови врски во мозокот, но не толку брзо и динамично колку во детството. Постои медицински доказ дека интелектуалните способности зависат од бројот на синапси, па станува јасно колку детството е важен период од развојот на детето.

Интересно е како сликчињата помагаат, бидејќи често на предавања ме прашуваат како е можно толку многу да пропагирам собирање на сликчиња (како да работам за ПАНИНИ), па потребно е да се знае дека развојот на математичко логичко размислување и игрите на класификација и серијација влијаат на развојот на интелегенцијата. Во повеќето држави постојат овие игри во градинките, но се така осмислени што детето мора да гледа во изграчките и да ја реши задачата. Тоа е конкретна класификација и серијација.

Кога детето собира сликчиња учи многу работи: името на фудбалерот, од  која држава потекнува, датумот на раѓање, потоа децата бројат колку сликчиња имаат, бројат колку им недостасуваат, разменуваат дупликати со пријателите, радосни се кога ќе разменат сликче, тажни се кога ќе изгубат сликче и сето тоа спаѓа во една убава и корисна игра.

 

На предавањата често потенцирате дека на детето не треба пречесто да му купуваме подароци. Колку често да купуваме сликчиња, секој ден или поретко?

Подобро е процесот на собирање сликчиња да трае подолго, месец дена и повеќе, а не детето да го наполни албумот за 10-тина дена. Не е потребно да му покажуваме љубов така што ќе му купуваме многу сликчиња, играчки, најнов таблет или видео игри. Всушност многу играчки не се стимулативни за развојот на детето. Ако на детето му купуваме се што ќе посака, може да стане себично, саможиво, со низок праг на толеранција и ќе се научи да манипулира со родителите.

 

Зошто знамињата, симболите, боите, различните националности и раси на играчи ја поттикнуваат интелегенцијата?

Препознавањето на симболите е основа за развој на мисовните класификации и серијации кои го потпомогнуваат развојот на математичкото логичко размислување. А сликчињата се многу добро средство за тој развој, бидејќи така се учат симболите и боите. Секако, децата ќе научат да ги препознаваат дуплкатите, ќе научат да играат и други игри со сликчињата и слично.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто децата се плашат од стоматолог?
Грижата за севкупното здравје подразбира и грижа за здравјето на устата, односно грижа за забите и непцата. Со никнување...
5
Елементи во домот - фатални за децата!
Чајарници, соголени жици и стаклени чаши се опасни за децата. Колку други работи знаете?
4
Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
3
Не разговарајте со мене додека детето има ...
Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот. На ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?