vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Cupcake од морков
Потребни состојки:
260 гр. брашно
1 1/2 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
1 1/2 лажичка цимет
4 јајца
200 гр. шеќер
240 мл. масло
210 гр. ситно изрендан морков
1 чаша рендани јаболка
100 гр. ореви
100 гр. суво грозје
Глазура:
100 гр. путер
220 гр. крем сир
330 гр. шеќер во прав
- екстрат од ванила
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 C. Подмачкајте ги калапите за мафини, или ставете хартиени корпиња.
Во чинија измешајте го брашното со солта, содата и мелениот цимет.
Во друг голем сад изматете ги јајцата, шеќерот и маслото додека не се згуснат. Додадете го брашното и мешајте додека смесата не се соедини. Додадете го ренданиот морков, ренданото јаболко, сецканите ореви и сувото грозје. Ставете го тестото во калапи за мафини и печете околу 20 минути. Извадете ги од рерна и оставете да се изладат.
Глазура:
Изматете го путерот со миксер додека не стане кремаст и додадете го крем сирот. Постепено додавајте шеќер во прав и на крај додадете екстрат од ванила.
Погледнете предлози на украсување на фотографиите:
7
6
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Што е генетика и зошто е важна за здравјето?
Кога зборуваме за здравјето, често слушаме дека некоја состојба е насл...