Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Поттикнувањето на информатичка писменост е дел од училишната програма. Важно е да знаете дека Вашите деца ќе се служат со информатичката технологија, па ќе биде тешко и штетно за нивниот развој да им забраните да се служат со мобилни телефони, компјутери и интернет.
Искуството покажува дека надзорот на родителите и надгледувањето на детските активности на интернет претставуваат важен чекор за заштита на децата и младите, но тоа не е сосема доволно.
Родителите не се во можност постојано да ги надгледуваат активностите на детето на интернет. Многу е поважно да ги научите децата како сигурно да “чекорат” по електронските медиуми, отколку стално да ги “водите за рака”. Како што ги учиме децата како да се носат со вознемирувачките и непријатни ситуации во животот и како да ја препознаат и избегнат опасноста на улица и во својата околина, важно е децата да ги научиме како правилно да го користат интернетот и мобилниот телефон и кога да препознаат опасност и ризик. Исто така, важно е децата и младите да се научат дека ќе треба да преземат одговорност за своето однесување и ќе треба да ги сносат последиците за своите постапки. Притоа е важно да се почитува нивната независност, интереси и активности, во склад со нивната возраст.
Четовањето, блоговите, форумите и слични места на интернет, каде што децата и младите можат да разменуваат мислења и да комуницираат, се многу популарни, па со оглед на тоа и привлечни на лицата кои сакаат да ги злоупотребат комуникациските можности кои ги нуди интернетот. Злоупотребата на врсниците вклучува заканувачки пораки, навреди и уцени кои едно дете или повеќе деца можат да ги упатат на друго дете. Злоупотребата на возрасни вклучува лажно претставување и манипулирање со цел придобивање на децата и младите на непожелно однесување (најчесто сексуален контакт).
На кој начин родителите можат да ги намалат ризиците со кои би се соочиле нивните деца на интернет?
Родителите не треба да се чувствуваат беспомошно, сметајќи го интернетот комплексен медиум, со кој нивните деца имаат повеќе искуство и се по снаодливи од нив. Покажувајќи интерес и внимателно набљудувајќи ги активностите на детето на интернет родителите сепак можат да ги заштитат децата од ризик, што е секако подобро, отколку да им ја забранат употребата на интернетот, која може да биде контрапродуктивна.
Чекори кои треба да се преземат за заштита на децата:
Поставете правила на користење на интернетот
Децата се чувствуваат побезбедни кога правилата и последиците од однесувањето ќе се постават и за користењето на компјутерите и кога јасно ќе се постават граници. На пример, родителите можат да одредат кој тип на страници можат да ги посетуваат децата и да го ограничат времето кое децата може да го поминуваат на интернет, а посебно тоа се однесува на времето кое детето го користи за забава и за игра.
Поставете го компјутерот во дневната соба
Како што не е препорачливо да се стави телевизор во детската соба, исто така не треба ни компјутерот со интернет конекција да се постави во детската соба. Компјутерот би требало да биде во дневната соба за да можат сите членови на семејството да бидат вклучени во надгледувањето на детето. Така родителите можат да ги запознаат виртуелните пријатели на детето, исто како што ги знаат и другарите од училиште.
Уверете се дека детето го разбира значењето на зборот странец
Децата знаат дека на улица и на игралиште не треба да разговараат со странци, а истите правила треба да се однесуваат и при разговори преку интернет. На децата треба да им се каже дека давањето на минимални информации може да му овозможи на странецот да пронајде каде живее детето.
Не смеете да дозволите детето да оди само на средба со другарчето кое го запознало преку интернет
Ако односот дојде до точка на запознавање во живо, родителите мораат да бидат присутни на таа средба. На тој начин сите ќе се чувствуваат безбедно.
Детето не смее да испраќа свои и слики на семејството без дозвола од родителот
Никогаш не се знае што може некој друг да направи со сликите. Со малку вештина во користењето на графичките програми можни се разни фотомонтажи.
Еве уште неколку правила кои родителите треба да им ги постават на децата:
Неколку совети за безбедно користење на мобилен телефон
Запомнете: Можеби Вашите деца повеќе ја познаваат технологијата, но Вие повеќе го познавате животот. Вие сте тие кои треба да ги научите безбедно да чекорат низ него.
забава Бремените
Автор: bobik
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Мајчинство и сексуалност. Како се менува интимноста?
Мајчинството е патување исполнето со љубов, предизвици и големи промен...
Како да се справиш со првите мајчински стравови?
Стекнувањето на титулата мајка е едно од најубавите, но и најпредизвик...
Секој ден ни е подарен како празна страница. Но, често, наместо да ја ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?