|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Родителски битки од кои треба да се откажете

Редакција Рингераја, 5.3.2021
За кои "битки" треба да го преиспита својот став и да се помирите дека децата секогаш ќе ги извојуваат?

image
/11


 

Битка №1 - "Изеди го јадењето!"

Здравата исхрана  е важна за родителите и за децата. Само децата тоа не го разбираат. За нив јадењето здрава храна најчесто е казна. Десетици пати повеќе преферираат да си каснат од омилените гумени бонбони, наместо зеленчукот кој им го нудиме.

Ќе погрешите доколку се обидете да го натерате детето да јаде сосила . Исто така, не треба да допуштате децата постојано да јадат штетна храна. Само ако во моментот детето не сака да јаде, оставете ја храната за малку подоцна и обидете се повторно. Посекако не постои начин како да ја ставите храната во неговата уста сосила.



Битка №2 - "Веднаш на спиење!"

Рутината во спиењето е многу важна. За детето да биде одморено и сталожено, треба да си легнува рано и да ја добива потребната доза здрав сон. Но не секогаш детето сака да си легне точно кога ние сме определиле.

Ако насилно продолжите да настојувате, заспивањето може да се претвори во кошмар за детето. Некои деца развиваат доста сериозни проблеми поврзани со спиењето како неможност за заспивање, често разбудување со плачење во текот на ноќта, страв од темнината и слично.

 

Битка №3 - "Нема гледање телевизија!"

Живееме во 21 век. Колку и да се емитуваат непријатни и антиедукативни нешта  на телевизија, не постои начин како целосно да ги заштитиме децата. Сме слушнале за секакви методи - исклучување на телевизорот од штекер, вадење на батериите на далечинскиот управувач, само и само да не се гледа телевизија.

Но, децата имаат потреба од некаков вид на информации, како и од забавни и рекреативни програми. Тие се корисни за развојот на имагинацијата.

Затоа наместо да забранувате целосно гледањето телевизија, одредете кои емисии се погодни, а кои не. Внесете ред во времето за гледање на забавни програми. Ако треба гледајте телевизија заедно со детето.



Битка №4 - "Играј внимателно со другите деца!"

Често слушаме слични реплики од родителите на игралиште. Некои деца сепак се понемирни од  другите и несвесно или не во својата игра имаат тенденција да ги повредуваат другите деца, или самите себе.

Не постои начин како да спречиме децата да си играат. Само треба да внимавате на нив додека се мали и да им објаснете и покажете колку е важно почитување меѓу луѓето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мали гурмани
Умерена дебелина кај децата е нормална под услов децата да се хранат здраво и со разновидна исхрана.
3
Прва посета на стоматолог на вашето дете
Кога се препорачува детето за прв пат да посети стоматолог?
3
Препознајте ја дисграфијата кај вашето дете
Дисграфија претставува неспособност на детето да ја совлада техниката на пишување. Тешкотиите, односно грешките, се прис...
3
Семејството - фактор за развој на детската...
Многубројните истражувања и сознанија покажуваат дека еден од најзначајните услови за позитивен развиток на децата е соц...
3




Анкета

koe ime e poubavo?
aleksandra90

Melani ili Marijana

melani (68%)

marijana (32%)


Број на сите гласови: 497

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!