|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Знаци кои покажуваат дека вашето дете е разгалено

www.doktori.mk, 5.2.2014
Откријате дали вашето дете е разгалено ...
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Морате да го молите

Детето не треба да биде авторитарна личност во вашето семејство. Тоа треба да ги извршува вашите задачите кои вие му ги поставувате. Потребно е да се почитуваат и неговите желби, но ако постојано е потребно да го молите за да заврши некоја работа или да си ги заврши сопствените обврски, тогаш тоа со сигурност е знак дека вашето дете е разгалено.

 

 

Морате да го "подмитите"

Вашето дете треба да ги извршува поставените задачи без да му нудите или да ви бара награда за да го стори тоа. Детето треба да научи дека пишувањето на домашната работа и добивањето "5"  на училиште е за негово добро и ја гарантира неговата иднина, а не вашата среќа. Детето секогаш треба да го пофалите за успехот, може и да го наградите, но причина за успехот никогаш не треба да биде ветената награда колку и да звучи мотивирачко, и да дава резултати.

 

 

Никогаш не е задоволно   

Колку и да се трудите да му угодите, тоа е незадоволно со она што во моментот го поседува и ви бара се она што ќе го сретне наоколу. Доколку не му го овозможите станува бесно и прави “сцени” како во јавноста, така и дома. Скромноста е нешто што детето мора да го научи од мали нозе. Колку и да имате материјална моќ никогаш не треба да му овозможувате се што ќе посака, туку она што навистина му треба.  Детето мора да сфати дека за се што ќе добие во животот мора да се бори и да го заслужи, во спротивно ќе добиете навистина разгалено дете со кое понатаму во животот навистина ќе си имате проблеми. Ако денес ја добива секоја играчка што ја сака утре ќе бара многу повеќе, и доколку нема да бидете во можност да му ги исполните желбите ќе стане агресивно, депресивно и може да го смени мислењето за вас.

 

 

Ви наредува

Детето сака да ја добие доминантната улога како во своето друштво така и кај родителите, сметајќи дека и вие мора да го “слушате” цело време, доколку не го правите тоа се чувствува навредено и се однесува агресивно и арогантно.  Секако дека детето не треба да го тепате или карате, но мора да му ја нагласите хиерархијата во семејството исто како што е тоа во општеството. Многу голема штета ќе правите на неговата личност доколку од мали нозе го научите дека секој треба да ги извршува и да се потчинува на неговите желби и барања.

 

 

Не ви обрнува внимание

Често кога децата се забавуваат ги игнорираат барањата на родителите, иако вие ги повторувате неколку пати. Тоа треба веднаш да ја испочитува вашата наредба и да го почитува вашето “НЕ”. На ваков начин детето ќе научи дека неговите желби и задоволства не се секогаш на прво место.

 

Не ви помага

По својата четврта година, детето би требало да ви помага во домашните работи колку што е во негова моќ за да се стекне со работна навика.  Може и треба да ви помогне барем во средувањето на неговите играчки/алишта. Ова е многу важно за да се научи на своите одговорности и дека треба да го "исчисти" својот неред, без тоа да го очекува од некој друг.

 

Сепак децата се деца и од нив не можеме да очекуваме совршено однесување, малку разгаленост нема да им наштети но, се што ја поминува границата е лошо, а вие како родител мора да бидете доминантни и покрај се да им дадете на знаење дека додека тие се мали, вие сте тие кои за нивно добро одлучуваат во нивно име, а нивните желби и барања сепак мора да останат на второ место, барем додека не станат полнолетни.

 

Стефан Илиевски

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
6
Инхалација или сируп?
Дилема на секој родител кога детето има воспаление на дишните патишта: дали е поефикасно детето да се инхалира или довол...
4
Како да препознаете дијабетес кај децата?
Дијабетесот е наследна болест. Исто така, и некои вируси може да го предизвикаат или да бидат фактори на ризик за појава...
4
Мажот и неговата ружа
Инспирирано од жени кои трпат семејно насилствo
4




Анкета

STEFAN
svartinoska83

Dali vi se dopaga imeto Stefan?

Da,mnogu (32%)

Da (46%)

Ne (19%)

Ne,mnogu e glupavo (4%)


Број на сите гласови: 303

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!