|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Забавни игри за зимските месеци

Редакција Рингераја, 28.11.2016
Тешко ли се гледа дете во зима? Студено е, се стемнува порано, детските игралишта се речиси напуштени и остануваат домашните игри. Како да го заинтригирате детето? Еве неколку забавни игри за дома, погодни за зимските месеци

image
/11


 

Надвор децата се гледаат многу полесно и времето поминува незабележително во трчање, лизгање, нурнати во песок, пребарување на камчиња, костени, лисја и секакви други богатства од улицата. Децата се среќни и квалитативно изморени што е причина да си легнат доброволно навреме. Сето ова звучи одлично, но е можно главно во потоплите месеци.

Во зима ситуацијата е малку поинаква. Студот, редовно мокрите и калливи игралишта, како и премногу краткиот ден се вообичаената причина да се најдете дома уште во 5 часот. А до 9-10 часот. (Во зависност кога си легнува детето) ви иде да се фрлите во терасата, во обид да се спасите од нервоза, бидејќи детето фрла се, крева безумна бучава и води инает. Проблемот е што,  дали се на 1, 2, 5 години и слично, децата се полни со енергија, која не можат да ја искористат квалитативно дома. Немаат простор за трчање, немаат и врсници со кои ќе си играат, а вие сте им здодевни и досадни. Во такви моменти е важно да бидете креативни, Пронајдете неколку забавни игри, со кои ќе го заинтригирате детето. Еве неколку идеи:

    Забавни игри за зимските месеци

-          Направете воз од плишани  играчки, со избирање на најголемата играчка за локомотива.

-           Направете кула од домино (или други, еднакви по форма, предмети), наместо да ги користите по намена.

-          Земете ги сите ситни играчки на детето и направете заедно огради како на картинг патека каде детето ќе вози.

-          Предложете му на детето да "готви" малку шпагети за плишаните играчки.

-           Земете една табла и ставете на неа неколку различни по големина и материјали играчки. Нека детето ги разгледа, а потоа да се сврти со грб, а вие ја избирате една од играчките и покријте ја таблата со голема крпа. Целта е детето да познае која играчка недостасува под крпата.

Без разлика на која возраст се децата, сите сакаат активно да учествуваат во кујната. Дајте му на детето да игра со брашно или да меша тесто. Направете заедно торта или колачи.

Користете алтернативни "играчки" - костени, ореви, грав, шпагети, итн

 

1

 

-          Игра на тука го има, тука го нема. Направете тропалки од шишиња полни со ориз, грав, леќа и направете си семеен оркестар (може да си направите и тапани од кутии). Направете си бројаница од грав или пак животни од костени со користење чепкалки за заби за прицврстување. Може да си направите животни исто од компири или пак печати.

 

2

 

Забавни игри за зимските месеци

А што ќе кажете за една класична игра за мали и големи - конструктор. Градежната активност дефинитивно ќе биде забавна за сите и е погодна за игра во зимските месеци дома.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
5
8 годишно девојче пее во hard core стил
Погледнете го видеото кое за само 3 дена оствари преку 10 милиони прегледи на Youtube!
4
Блог: До последен здив, ќе живеам ЗА ВАС!
Емотивно писмо на me_mother_of_three до нејзините деца
4
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?