|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

За еден час со тебе тато...

Народна мудрост, 10.5.2013
Се вратил таткото од работа дома, уморен, нервозен и го нашол својот 5-годишен син како го чека на вратата.

image
/11


 

 

”Тато, може ли нешто да те прашам?”

”Да, секако, кажи што е?”

”Тато, колку заработуваш на час?”

”Тоа не е твоја работа! Зошто ме прашуваш” – одговара таткото гневно.

”Само сакав да знам. Те молам кажи ми колку заработуваш на час”

”Ако веќе мораш и тоа да го знаеш, заработувам 50 долари на час”.

”Ох” – рече детето и ја наведна главата. “Тато, ќе ми позајмиш ли 25 долари?”

 

Таткото беше бесен. “Ако единствената причина што ме прашуваш за да ти позајмам пари е да би купил некаква играчка или слична бесмислица, тогаш заврти се и оди право во својата соба. Патем размисли зошто си толку себичен. Јас не работам секој ден за твоите детски лудории”

Детето тивко отиде во собата и ја затвори вратата.

Таткото седеше и стана се по лут, заради прашањата на детето...

“Како се осмелува да праша такво нешто, само за да извлече од мене пари?”

После еден час, таткото малку се смири и размисли:

“Можеби навистина му требало нешто за тие 25 долари...Навистина не прашува често и не бара пари.”

Таткото отиде во собата на детето.

“Заспа ли сине?”

“Не тато, буден сум!”- одговори детето.

“Размислував...Можеби бев престрог кон тебе пред малку. Имам тежок ден и се истресов на тебе. Еве ти ги 25–те долари кои ги бараше”

Детето се исправи, смеејќи се “Ти благодарам тато”, рече. Тогаш посегна под перницата и извади сноп стуткани пари.

Кога таткото виде дека детето има пари, почна повторно да се лути.

Детето полека ги изброи парите и го погледна таткото.

“Зошто бараше уште пари, кога си имал?!”- налутено рече таткото.

“Затоа што немав доволно, а сега имам” – рече детето.

“Тато, сега имам 50 долари. Можам ли да купам еден час од твоето време? Те молам, дојди си утре еден час порано од работа. Сакам да вечераме заедно.”

Таткото беше скршен. Го прегрна синот и го молеше да му прости.

 

 

Ова е само кратко потсетување за сите кои напорно работите. Не смееме да дозволиме да ги запоставиме луѓето кои ни значат многу, оние кои ни се блиски до срцето.

Ако умреме утре, компанијата за која работиме лесно ќе ни најде замена.

Но на семејството и пријателите, кои ќе ги оставиме зад нас, ќе им недостасуваме цел живот.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се изградат здрави граници со роди...
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата, која често останува силна и во зрелите години. Но...
5
Магичен Велигден
Точно е дека децата се радуваат на Велигденските јајца и сите слатки и убави работи кои ги подготвуваат нивните мајки, н...
4
Инспиративни соби за три деца
Кога треба три деца да сместите во една соба, распоредот на кревети и столици во собата претставува вистински предизвик....
4
Колку често и како навистина треба да ги м...
Миењето на рацете е една од наједноставните, но и најмоќни навики за заштита на здравјето. Иако сите знаеме дека е важно...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?