vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Причините за тоа можат да бидат многубројни: навика детето да спие со некого, страв од самотија, желба да биде со мајката, драстични промени во животот, судир во семејството и слично. Што да се прави во таква ситуација?
Најчестата причина е тоа што детето се плаши од промена. Додека спиело со мајката, се навикнало на нејзиното присуство и нејзиниот мирис и се чувствува безбедно. Постои страв и од измислени ликови, како резултат на бујната фантазија на децата. Кога детето ќе измислува изговори за да не оди на спиење, обидете се како родители да останете смирени. Пред сè, треба да се позборува со детето и да се открие од што се плаши. Сослушајте го и дајте му до знаење дека ќе му помогнете да го надмине стравот. Објаснете му дека секој член на семејството има свој кревет. Кога ќе легне во креветот само, пофалете го за храброста, бакнете го за добра ноќ и бидете со него некое време пред да заспие.
Ако детето доаѓа кај вас во текот на ноќта, немојте да му се лутите. Уверете го дека нема причина да се плаши и вратете го во кревет. Преку ден поминувајте што повеќе време со детето за тоа да се чувствува сигурно. Често се случува да се плаши од темнина, па во текот на ноќта оставете вклучен телевизор или слабо светло. Ако се плаши од затворен простор, оставете ја отворена вратата од неговата соба.
Детската соба би требало да има хармоничен изглед, да не биде преполна со предмети, а ѕидовите да имаат ведри бои. На креветот нека ги има неговите омилени играчки. И, се разбира, најважно е да бидете трпеливи и да не покажувате нервоза бидејќи таквите емоции се пренесуваат на детето. На крајот, бидете упорни, па кога детето ќе стекне доверба во своите родители, ќе има поголема самодоверба и неговите стравови ќе исчезнат.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...
Нередовниот циклус, зголемената влакнетост, акните и потешкотиите со з...
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...