Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во милиметри го знаат секој дел од паркетот кој крцка, а звукот на крцкање го слушат и од другиот стан. Во случај некој друг да се разбуди додека бебето спие, точно знаат тој некој во кој дел од станот се наоѓа и во состојба се да му скокнат на врат, ако бебето се разбуди.
Мајките можат да се спакуваат себе и бебето за во град во рок од 15 минути (со една рака, бидејќи во другата е бебето) и притоа да изгледаат убаво како Sarah Jessica Parker во casual издание во Сексот и градот.
Пакување пред прошетка
Под пакување подразбирам – миење заби, камуфлирање на мрсна коса, ставање основна шминка со детето кое ве влече за панталони, растегнува тоалетна хартија низ цело WC, паѓа, вади гаќи и чорапи од корпата за веш. Потоа следува менување пелена на бебето и пресоблекување, па пакување на торбата во која се става – вода во термос, млеко во прав, кашичка, лажиче, лигавче, влажни марамчиња, пелени, газа, резервна облека, шеширче, млеко за сунчање и вода за пиење. Потоа се пакува торбата на мама во која се ставаат наочари, клучеви, мобилен телефон, пари и сето тоа со детето во раце.
Кога конечно ќе излезат од станот, мајките задолжително проверуваат дали се облекле, дали имаат маскара на двете очи и случајно да не излегле во пижами. По пет минути констатираат дека ја заборавиле цуцлата лажалка, а сопрузите обично негодуваат – Мора да заборавиш нешто!
Дали знаевте дека мајките можат нормално да функционираат после неколку непроспиени ноќи (со мала помош на благословениот кофеин), да го суредат цел стан во рок од половина час кога беберто спие (и така 25 пати на ден). Кога бебето ќе се разбуди можат да пејат Old Mc'Donalds, да плескаат во рацете и да прават ретардирани фаци и најглупави можни движења кои можете да ги замислите, бидејќи бебињата на тоа умираат од смеа. Во исто време си додаваат со топка, танцуваат заедно со бебето, гоп учат бебето каде му се очите, носот и ушите, како се плеска браво, браво и слично.
Во меѓувреме стигнуваат по неколку пари на ден да го послужат мажот, бабите, дедовците, тетките, пријателките и останатата родбина.
Готвење ручек со бебето
Мајките исто така можат да почувствуваат кога е бебето гладно, кога ќе се разбуди, кога ќе кака, кога му се гали. Тоа дека мајките имаат чувство за своите бебиња го знаат и врапчињата на гранчињата и тоа никој никогаш не го припишал во супер моќи. Мајките имаат шесто сетило и тоа е така.
Кога бебето е при добра волја или ако малку повеќе спие, тие ќе стигнат да направат ручек и за бебето и за возрасните.
Под готвење со бебето подразбирам – сечење на кромидот на пола, па давање на бебето сликовница, лупење компири во повеќе наврати, па доење на бебето, сечење на месото, па барање на ЦД-то со цртани филмови и пуштање на ДВД, обарување на кромидот и менување пелена на бебето... Кога таткото ќе дојде дома обично ќе каже – а немаше да биде подобро да направиш и супа со кнедли?
И, на крајот на денот косата ни е разбушавена, газиме по играчките, не знаеме каде ни е главата, но имаме сјај во очите и насмевка на лицето.
Бидејќи иако имаме милион обврски и трилион кои сме ги оставиле за утре, времето никогаш не било поквалитетно поминато. Бидејќи децата колку што ни одземаат енергија, ни даваат уште три пати по толку.
Бидејќи, како што запиша Паоло Коелјо, секое дете може да не научи на три работи:
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?