namesp во 10:12
Кога таткото е престрог
Редакција Рингераја, 18.10.2011
Иако педагозите и психолозите често истакнуваат дека не е неопходно татковците и мајките да имаат ист пристап кон детето, голема грешка е да се расипува односот татко дете – само за да се воведе дисциплина во домот.
Мајките често ги плашат децата:”Ќе видиш ти, само да се врати татко ти дома”. На овој начин признаваат дека не можат сами да излезат на крај со децата, но тоа има уште потешки последици: го влошуваат односот меѓу таткото и детето. Така, таткото станува баба-рога од која децата се плашат.
Татковски инстинкт
Денес често се говори дека не постои татковски инстинкт. Мајките, не само со помош на биолошкиот процес на бременост и раѓање, се засекогаш емотивно и ментално врзани за своето дете, туку се подготвувани за улогата на мајка од самото детство (играње со кукли). Татковците имаат поинаков вид на инстинкти. Тие се заштитници и рационално размислуваат и го опфаќаат целото семејство, а не само детето. татковците ја играат оваа улога несвесно, баш како и мајките својата и исто така, за оваа улога се подготвувани од најраното детство. Така, кога го учите својот син дека “момчињата никогаш не плачат”, не можете да очекувате дека утре, кога ќе биде возрасен човек, ќе биде толку чувствителен и грижлив, како што е мајката.
Можеби токму таа емотивна дистанцираност влијаела да станат, во однос на мајката, не толку строги, колку емотивно поинакви родители. Порационални се, можат да бидат доследни и смирени, кога се во прашање важни животни одлуки.
Бидете тим во воспитувањето на детето
Одредете ги границите на строгост. Направете прецизен договор: одредете ги ситуациите кога и во кои случаи го казнувате детето.
Улоги
Поделете ги улогите. Во некои семејства добро функционира моделот на поделба на работите. Оваа поделба подразбира не само домашни обврски, туку и во областа на воспитувањето (на пример: мама е задолжена за организација на тренинзи, родендени, а татковците се за училишните обврски). Тоа истовремено значи дека доколку детето направи некаква грешка во училиштето, во отклонувањето на истата треба да се вклучи и мајката. И обратно.
Пофалби
Научете се да го наградувате и да го пофалите своето дете. Вашата строгост е можеби природна, вродена и составен дел на Вашата личност. Меѓутоа, како што сте се убедиле себеси да се откажете од пушењето и да се бавите со некаков спорт, така можете да го промените и начинот на однесување кон своето дете. Разговарајте, информирајте се и размислувајте за родителството. Така ќе ја освестите својата улога и ќе станете подобар родител, на Ваше и задоволство на Вашите деца.
Ритуали
Вашиот досегашен однос со детето ќе го збогатите и подобрите со воведување на мали, секојдневни ритуали, кои Ве вклучуваат само Вас и детето. Ветете си себеси (а потоа и исполнете го тоа) дека еден дел од денот ќе му посветите на детето, дека заедно ќе цртате, ќе си играте, дека ќе се обидете секојдневно со нешто да го израдувате или пофалите.
Разговор со детето
Што значи да се биде строг или благ родител? Тоа е работа на процена на моменталната ситуација. Така едно дете може да биде изразито строго казнето за некоја постапка, за која во друго семејство нема ниту да се разговара. Затоа колку сте и дали сте во оправдана мера толку строги – знаете само Вие и Вашето дете. Доколку Вашето дете има повеќе од пет години, веќе можете да разговарате со него за тоа. Прашајте би што би направило ако е на Ваше место и дали мисли дека премногу сте строги.
Казнување
Никогаш не го казнувајте детето за прва грешка. Сепак, не постои такво однесување кое заслужува како казна одземање на Вашата љубов, храна, физичко или психичко малтретирање. Ударот, т.е. физичката казна е примерена само во ситуации опасни по живот во кои немате друг начин да допрете до детето.
Кога ќе посакате да го удрите детето, најпрво:
- Размислете. Дајте си себеси малку време. Избројте до 10
- Удрете во перница. Удрете дланка од дланка.
- Испратете го детето во другата соба (Оваа казна е во помала мера препорачлива за тинејџерите, кои одвај чекаат да бидат во својата соба, но за малите деца е добра бидејќи им дава време да размислат каде погрешиле)
На овие едноставни начини дајте си малку време да се смирите и можеби ќе донесете друга одлука, освен таа да го казните детето.
Совет за татковците
Накратко, немојте да дозволите, само Вие да бидете строг во Вашето семејство. Така детето секогаш во Вас ќе гледа некој кој не го разбира и со кого не може да разговара. Имено, таткото им е потребен на децата во секоја нивна развојна фаза, и тоа не само како пример, авторитет, туку и како соговорник. Меѓутоа, ако се децата навикнати од татковците да очекуваат само казна, прекор, критика – нема да се осудат со Вас да ги делат своите искрени емоции и желби, односно со Вас нема да гледаат личност на која можат да и се доверат или да ја прашаат за совет и мислење.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Книгата му дава на детето моменти на забава, но и нови сознанија. Еден дел од слободното време на детето треба да се исп...

Првите трајни заби никнуваат околу 6-тата година од животот и затоа се нарекуваат шестогодишни катници.

Половина деца, помали од 12 години изјавуваат дека би биле тажни кога би немале интернет, а секое петто дете кажува дека...

Се прашувате дали Вашето дете е доволно зрело за да може понекогаш да остане само дома? Ќе Ви помогнеме да добиете одгов...
