Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Се е како во бајка, како долгоочекувана приказна која до сега бегаше и сакаше да се сокрие од вистинските корици, од местото на кое припаѓа.
Се воодушевувам на ритамот кој го создава со нејзиното рамномерно дишење со кое ја убива тишината која до пред неколку денови ме убиваше мене, кога Меланија, мојот малечок ангел беше далеку од мене, на клиника и се бореше за својот живот. Си го бараше местото во овој огромен и суров свет.
Педесет и пет предолги денови, педесет и пет смртни казни за мене, кои ги издржав додека да дојде таа во моите прегратки. Кога ќе погледнам во нејзините невини, ширум отворени очиња, знам дека таа е мојот благослов од Бог и од животот.
Но за нејзиниот живот, бескрајно сум им благодарна на целиот тим на интензивна нега во Гинеколошко Акушерската Kлиника – Државна болница Скопје. Тие ги вложија сите свои сили и знаење за да не спојат повторно да бидеме заедно. Тоа што тие умеат да го направат со сите тие малечки и беспомошни суштества за да им го вратат животот во градите е натчовечко. Бдеат врз нивните малечки глави чекајќи ги минутите да одминат, а со секоја следна минута им даруваат уште по една шанса за живот. И не само заради тоа што тоа е нивната професија, туку и заради љубовта која ја имаат кон тие малечки душички и радоста со која зборуваат за нив .
Да се роди бебе во 31 ва недела со толку мала родилна тежина и со штотуку примени инјекции за зреење на органите и потоа да преживее без последици е навистина повеќе од магија. Како што ми кажа еден доктор кога бев таму „ не сакам ни да се потсетувам што преживеавме јас и Меланија, “ Тоа е знаење и умеење. Тие ни дадоа втора шанса и јас тоа никогаш не можам да го заборавам. И не е само мојата приказна единствената заради која заслужуваат да им се искаже почит и благодарност, таму секогаш имаше повеќе од 50-тина бебиња. А бидејќи Меланија долго беше таму, ги испраќаше и ги дочекуваше своите малечки другарчиња, кои повторно добиваа нова шанса за живот и се враќаа во прегратките на своите родители.
Сметав дека единствено што можам да направам сега за нив е вака јавно да ја искажам мојата бесконечна благодарност, кон целиот прекрасен тим, почнувајќи од нивната шефица, до сите доктори, сестри, акушерки, да не ги именувам сите ќе се пронајдат тука затоа што сите ја знаат Меланија и сите имаат едно посебно место во нашите животи. Тие завршија величествена работа и ми го вратија во прегратките моето малечко.
Сега ние двете добивме втора шанса да бидеме среќни бесконечно и да му се радуваме на животот. Меланија е сега дома и е прекрасно бебе, со навики кои ги добила од таму, а кои мене ми се добредојдени. Моето дете сите нив ги познава и сега кога одиме кај нив за да ја видат, таа им се радува и заспива во нивните раце и кај нејзиниот чичко доктор кој ја донесе на овој свет.
За мајката е најтешко да каже „ јас повеќе ништо не можев да направам за неа“, но навистина беше така. Мојата борба беше со времето и болките, а потоа се беше во нивните раце. Тие раце кои даваат втора шанса.
Сега го надоместувам времето што го загубивме, сега уживам во нејзиното присуство и магијата со која таа не допира сите дома. Нејзиниот плач ме потсетува колку е тешко за мајката во самотија и тишина да се моли секој ден за животот на нејзиното дете. Нејзината насмевка ме потсетува колку радост во себе може човекот да создаде и да се удави во неа. Нејзиниот поглед ме преплавува со љубов колку целиот свет. Нејзината насмевка ме соочува со реалноста. Почнувам да верувам дека е тука и дека таа е причината за моето постоење.
Сега семејството е потполно, мама, тато и малиот ангел, прекрасното совршенство кое ги урива сите граници на невозможното. За неа се станува возможно. За неа можат да се преместат сите планини и светот да стане коцка, заради неа мојот живот станува патека која има смисла, нештата добиваат поинаков лик, соништата стануваат реалност. Допирот од рачињата е допир од Бог, благослов кој возвишува.
Ова е уште една приказна која се запишува меѓу другите среќни приказни. Започнува уште едно детство кое добило втора шанса. Сега кога ќе заплаче можам да ја земам во своите раце и да и кажам „мама е тука мило мое, не плачи“....
Ваша Melanija *
Прочитајте ја ПОРОДИЛНАТА ПРИКАЗНА на Мelanija *
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Натусана - 20 години присуство на македонскиот пазар
Оваа година се навршуваат 20 години од присуството на Натусана на маке...
НАГРАДНА ИГРА: Парови спои и Лакалут награди освои
Ајде да играме Меморија и да освоиме награди! Натусана и Рингераја орг...
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?