namesp во 10:12
Ако знаев какво е мајчинството навистина...
Annie Reneau, 9.5.2016
Ако знаев што значи да си ненаспан, пред да имам деца...
Ако ја знаев вистинската количина на истурени течности која треба да ја исчистам, пред да имам деца...
Ако знаев колку довикувањето Мамо? Мамо? Мамо? може да ми оди на нерви, пред да имам деца...
Ако знаев дека ќе се задржувам повеќе отколку што треба во тоалет само за да имам неколку минути за себе
Ако знаев дека и тие неколку минути во тоалет ќе бидат нарушени од тропање на вратата, пред да имам деца...
Ако знаев дека ќе треба да ги повторувам истите насоки и корекции повторно и повторно и повторно, пред да имам деца...
Ако знаев дека секој совет за плачењето, хранењето, успивањето, воспитувањето и мрзеливоста ќе биде комплетно неефективен во половината од случаите, пред да имам деца...
Ако знаев дека сакањето на децата не значи дека цело време мора и да ти се допаѓаат...
Ако знаев дека понекогаш ќе плачам и под туш, бидејќи не постои друго место каде што можам да бидам сама, пред да имам деца...
Ако знаев дека некои денови ќе бидам толку изморена што допирот на маж ми може да ме извади од такт...
Ако знаев дека никогаш повеќе нема да можам вистински да се концентрирам и посветам на ништо, пред да имам деца...
Ако знаев дека не станува полесно кога ќе пораснат, туку потешко на друг начин...
Ако знаев дека секој ден ќе бидам преплашена на некој начин и дека ќе правам толку грешки секој ден, на некој начин...
Ако знаев колку родителството ќе биде тешко...
ЌЕ ГИ ИМАВ СВОИТЕ ДЕЦА ПОВТОРНО!
Бидејќи ако ги немав...
Немаше да знам колку е магично чувството да се развие цел човечки организам од само една клетка од моето тело.
Немаше да знам дека мирисот на главчето на бебето е доказ дека рајот постои.
Немаше да знам колку е магично кога бебето ќе заспие на вашето рамо и нема да сакате да го оставите во креветчето.
Немаше да знам дека ништо не е споредливо со првиот чекор, првото запче, првото користење на нокшир, првото возење на точак, или првото читање на книга.
Немаше да знам дека насмевката на вашето дете може да го разубави и најтешкиот ден.
Немаше да знам колку еден искрен детски поглед може комплетно да ве стопи.
Немаше да знам за гордоста која се чувствува кога секојдневно ја гледате личноста на која сте и помогнале да дојде на свет.
Немаше да знам колкаво е задоловството и среќата кога ќе сведочите на некој триумф на децата.
Немаше да знам колку неочекуван и смирувачки благодет може да има во постојаната борба да се биде подобар родител.
Немаше да знам дека губењето на главата во мајчинството ќе резултира со пронаоѓање на подлабока, посилна и повистинска моја верзија.
Немаше да знам колку топла, слатка и исполнета може да биде љубовта, како што е љубовта од децата кон мајката.
Немаше да знам колку моќна може да биде љубовта, љубов која може да ја почувствува само мајката.
Ако знаев какво е мајчинството навистина, повторно ќе станев мајка.
(Само ќе спиев малку повеќе, кога имав можност за тоа).
Преземено: Scary Mommy
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани правни и физички лица кој го изработуваат учениците...

Децата исто како и возрасните се изложени на стрес и затоа пожелно е навреме да учат како да се справуваат со него. Ринг...

Розеола е акутна болест на доенчиња и мали деца што е проследена со висока температура и осип на кожата

Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати наставничката на Никола...
