vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Тоа е и разбирливо, бидејќи ниту еден синтетички препарат од аптека не може да ги замени природните производи, кои се лесно достапни и многу ефикасни во лечењето на разни болести.
Денес Ви предлагаме витаминска бомба – одлично средство за јакнење на имунитетот на децата и целото семејство.
Потребно:
- 100 гр. суво грозје
- 150 гр. ореви
- 100 гр. бадеми
- кора од 2 лимони
- 100 гр. суви кајсии
- 100 гр. суви сливи
- 250-300 гр. мед
Измелете ги на машина за мелење месо сувото грозје, оревите, бадемите и кората од лимон. Во смесата додадете сок од два лимони. Промешајте. Додадете ги сувите сливи и сувите кајсии. На крај додадете го медот. Оставете да стои на темно место 1-2 дена.
За деца постари од 3 години – по 1 лажичка два пати на ден
За возрасни: 1-2 лажички три пати на ден.
Теглата со витамини чувајте ја во фрижидер.
Рецепт за јакнење на имунитетот за возрасни:
Потребно:
- 200 гр. суви кајсии
- 200 гр. суви сливи
- 200 гр. суви смокви
- 200 гр. ореви
- 1 лимон
- 50 мл. ракија
- 250 гр. мед
Измелете го сувото овошје и кората од лимон на машина за мелење месо. Во смесата додадете мед и ракија и промешајте. Ставете ја теглата во фрижидер. Земајте по 1 супена лажица пред оброк.
Добро здравје!
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...