|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тетка – засолниште за детската душа!

Редакција Рингераја, 19.12.2013
Кој немал тетка, немал среќа да поседува неизмерно богатство собрано во една личност. Тетката е секогаш извонредна жена, личност без пандан, екстравагантна во односот кон нас. Значи, единствено битие!
Клучни зборови:

image
/11


 

Дури и кога немаме родена тетка, се наоѓа по некоја тетка од семејството која успешно, непогрешливо успешно ќе ја одигра таа значајна улога во нашите животи. Тетката може, но и не мора да има свои деца. Децата на тетката се исти како неа. Со нив се сакаме, се тепаме како мали, се дружиме како возрасни, се потпираме едни на други, како сосема возрасни личности. Интересно е што и децата на тетката обично мислат дека нашата мајка е подобра од нивната. Но она што е најбитно во оваа приказна е токму таа – тетката.

Тетката е нешто како добра вила од убавите детски бајки. Знае се, разбира се, умее да утеши, да го истера стравот како со волшебно стапче. Кога сме се родиле на поклон ни дала златна паричка и некое плишано ќебенце или плишано мече од кое не се одвојуваме до сопствената свадба. Потоа ни носи разни бенкичиња, зајачиња, капчиња и шалчиња, сапунчиња, шишенца, чевлички и фустанчиња, свечени оделца, СЕ за златото на тета.

Обожава да се слика со нас и имаме еден куп слики на кои цврсто не прегрнала и се смее онака, некако најубаво. Како што поминуваат годините, а ние сме се поголеми на сликите, тетката во прво време е се поубава и поубава, а потоа полека почнуваат да и се гледаат годините. Но, тоа го гледаат другите. За нас тетките, за некое чудо, секогаш остануваат млади. Мајката може и да остари, но тетката...невозможно!  Таа ни дава парче чоколадо и кога ни се расипани забите, кога се плашиме да не се здебелиме, ни купува сладолед иако родителите строго го забраниле бидејќи имаме чувствително грло, ќе ни ја купи првата мини сукња, па макар и мама да збесне, ќе ни го даде првот џепарлак, со неа ќе ја споделиме тајната за првото момче и тајните од првото самостојно летување. Ќе ни фрли некоја паричка во џеб, така колку да ни се најде, ќе ни го дополни кредитот во мобилниот телефон, ќе купи на распродажба нешто како за нас направено. Кај неа секогаш ќе се најде некој парфем, до половина истрошен за кој ќе кажеме “не фала, не треба”. Таа го има најдобриот избор за диета баш за нашата крвна група, има остро око кога ќе добиеме или изгубиме некој грам. Знае кога е тато бесен по фреквенцијата на неговиот глас и кога мама има мигрена, па ќе треба да се оди на прсти.

Таа знае и многу повеќе, но умее да се однесува како да не знае баш ништо.

Така од тетката се учи да се знае, а да не се знае, да не се забодуваат носевите во туѓи чинии, дека е убаво да се има најдобра другарка, но дека не треба заради неа да се избркаат сите други, дека е нормално некогаш другарките да се скараат. Тетката не учи како се бакнува, на која страна треба да биде носот при тој чин, како да не поцрвениме ако ТОЈ не' гледа и ако поцрвениме тој да не види. Таа знае и кои се најубавите филмови кои треба да се гледаат на првиот состанок, дали на првиот состанок треба да се седне во ова или она кафуле. Не учи како  тајно да ставиме маскара за класната да не забележи и дека нема караконџолки на облеката позајмена од другарката. Знаете што се караконџолки? Ако не знаете прашајте ја тетка ви. Таа се' знае!

На тетката смеете да и кажете колку единици имате во дневникот и таа нема да ве издаде, смеете да побегнете на училиште, но само таа да знае. Знае да ни ја напише домашната, а родителите да не видат, ќе сака да ни помогне кога учиме латински и физика и ќе ни каже дека тие предмети служат само за мачење на децата. Тетката најдобро знае кои колоквиуми ги имаме, кога се испитите и не се мурти заради добиената шестка. Пред тетката може да се плаче заради невозвратена љубов, или заради тоа што некој ни покажал двојка.

Тетката ќе умее да ни објасни дека за прекинувањето на врската не сме виновни ние туку тој, дека сигурно многу не сакал, но ние сме јаки и силни и не можел да не следи. Што навистина мисли, само таа си знае. Никогаш нема да ни каже дека момчето не ни е баш бистро или убаво. Ќе каже дека е ОК, дека баш е cool, но дека можеме да најдеме и подобро. Него ништо не му фали, но ете ние сме така некако посебни. Ако ја зборуваме вистината, тетката навистина верува во таа посебност. Тетката е некој кој автентично и безусловно сака, почитува, верува во нашата исправност и непогрешливост. Ни дава поддршка, не охрабрува, поттикнува, тргнува со четврта брзина и кочи во место.

 

1

 

Зошто тетката е толку значајна личност?

Тетката е жена која во многу нешта потсетува на мајката. За разлика од мајката таа го нема тој степен на одговорност, страв, збунетост која ја има мајката на првата средба со своето бебе. Затоа тетката е послободна, делува непосредно и спонтано. Тетката смее да биде уморна, мајката не смее. Тетката смее да каже дека нешто не може или не знае. Мајката не смее. На тетката и е дозволено да згреши, на мајката не.

Родителите се задолжени за оние работи кои децата не ги сакаат: јади, измиј ги рацете, собери ги играчките, намести го креветот, станувај за на училиште, врати се дома на време и слично. Има многу малку ситуации во животот во кои може да дојде до расправија меѓу тетката и нејзиното теткино злато. Никогаш никој не ја викнал тетката во градинка затоа што детето се степало. Во училиште на родителска средба одат родителите. Но, тетката може да биде многу добра замена за мајката во оние области во кои детето се срами да се довери, има страв или лошо претходно искуство, кога знае дека згрешило и му е жал, а се плаши од казна.

Децата сами ги избираат своите пријатели. Родителот е единствената личност во животот кој својата улога не треба да ја меша со пријателство. Таа улога може да ја оствари тетката. Таа е пријател, но и многу повеќе од тоа. Тетката ја претставува онаа слободна и емоционално чиста зона, која е засолниште за нашата душа и кога не ни оди во животот и кога не ни е добро. Тука не состои систем на награди и казни, не постои страв. Постои океанско чувство на семоќност, кое сме го почувствувале само кога сме се родиле.

Тетките апсолутно ги обожаваат децата на своите браќа и сестри. Со децата се фалат, се гордеат, со дигната глава ги возат во количка, ќе ги научат да возат велосипед без помошни тркала. Колку се само горди кога некој ќе каже: “О, колку е убаво ова ваше дете!” Па тоа не е грешка! Нашите тетки не сметаат за свои деца. Во психолошка смисла ние тоа навистина сме.

Работите малку ќе се изменат кога тета ќе добие свое дете, но тоа се САМО нијанси. Теткино дете еднаш – теткино дете засекогаш.

 

Ако ви се чини дека ова е ода за тетките – не сте згрешиле. Во ерата за еколошки опстанок на нашата планета, би требало да се размисли и за психичката екологија на нашата душа. Тој ресор суверено го држат тетките.

 

  • Кој немал тетка, не знае што изгубил.
  • Тетката е роднина, другарка, пријател, сојузник.
  • Тетките се единствени суштества, секоја е неповторлива.
  • Секоја тетка си има свое “злато”.
  • Блазеси му на “златото на тета”.
  • Тетката не е замена за мајка, таа е нејзино дополнување.
  • Тетката е жива енциклопедија, од неа се учи за животот.
  • Никој не може да ве утеши како тетката, особено ако сте скарани со родителите.
  • Тетките ќе замижат пред правилата не затоа што се непослушни, туку затоа што имаат свои правила.
  • Тетките се најдобри пријатели на децата.
  • Љубовта меѓу тетките и децата не се опишува со зборови.

 

  2

 

Автор: Vesna Brzev-Curcic психоаналитичар

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Што треба да јадат немирните деца?
Истражувањата потврдија поврзаност на лошата исхрана со пореметувања во однесувањето, дури и со помал коефициент на инте...
4
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?