|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тато, дојди да ме земеш, имам бебе

www.dnevnik.com.mk, 13.7.2013
Тато, дојди да ме земеш, имам бебе. Никогаш нема да ги заборавам очите на петнаесетгодишното девојче што раѓаше на Kлиника, беше како уплашена срна. Девојчињата со неверојатни стравови раѓаат...

image
/11


 

 

Тато, дојди да ме земеш, имам бебе. Никогаш нема да ги заборавам очите на петнаесетгодишното девојче што раѓаше на Kлиника, беше како уплашена срна. Девојчињата со неверојатни стравови раѓаат. Тоа за нив ниту е посакувано ниту познато чувство и состојба. Тие се деца што раѓаат деца. Еве вака петнаесетгодишно девојче побара помош од дома откако се породи на Kлиниката за гинекологија, вели вработена во здравствената установа која инсистираше на анонимност.

Драгана Букилица, портпаролка на Kлиниката за гинекологија вели дека според податоците од Kлиниката во 2012 година имало 4. 920 раѓања од кои дури 86 биле малолетни или десетина раѓања повеќе од 2011 година кога биле регистрирани 77 малолетни мајки.

- Во 2013 година до мај, од вкупно 125 абортуси, четири беа на малолетни пациентки. Во 2012 година од 280 абортуси две биле на малолетни девојки, а во 2011 година од вкупно 278 абортуси дури пет биле на девојчиња. На младите мора да им се обезбеди пристап до сексуално образование соодветно на возраста, за да развијат знаења и вештини кои им се потребни да си го заштитат своето здравје во текот на животот, вели Букилица, портпаролката на Kлиниката.

Образованието пред бременоста

По повод неодамнешниот Светски ден на населението, посветен на адолесцентната бременост и последиците од неа, Обединетите нации објавија дека во светот секоја година мајки стануваат 16 милиони девојчиња. Дури девет од десет од овие девојчиња се во брак.

Стапката на адолесцентна бременост во регионот е над просекот од земјите од Европската Унија, и изнесува 15,2 отсто. Во Македонија стапката на малолетничката бременост е пониска.

Во ниско развиените, но и во средно развиените земји во светот, компликациите предизвикани од бременоста и породувањето се главна причина за смртност помеѓу адолесцентките на возраст од 15 до 19 години. Истовремено, смртноста кај новороденчињата е за 50 отсто поголема кај бебиња чии мајки се помлади од 20 години, наспроти бебиња чии мајки се на возраст помеѓу 20 и 29 години.

Овие податоци се обелоденети по повод 11 јули, Светскиот ден на населението, оваа година посветен на адолесцентната бременост и последиците од неа.

- Потребно е да инвестираме во образованието, здравјето и во човековите права на адолесцентките за да можат да го остварат својот потенцијал. Милиони девојчиња низ целиот свет немаат можност за образование, бидејќи влегуваат во детски бракови, се соочуваат со бременост и породување во период кога не се физички, емоционално и социјално созреани да бидат мајки. Најголем дел од 16 милиони тинејџерки кои се породуваат секоја година низ светот немале можност да ја планираат својата бременост - стои во извештајот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Младите девојки имаат право на живот

Според УНФПА, компликациите предизвикани од прераната бременост и породување може да предизвикаат тешки пречки во развојот, како што е породилна фистула и истите претставуваат основна причина за смртност кај овие ранливи млади жени. Адолесцентките, исто така, се изложени на висок ризик од разни заболувања и повреди.

- Мора да ги задржиме девојчињата во училиште и да им овозможиме да добијат добро образование во периодот на нивната адолесценција. Kога една млада девојка е образована, многу е поголема веројатноста дека таа ќе се омажи подоцна, одлагајќи ја на овој начин и бременоста с' додека таа не се почувствува подготвена да има здрави деца и да остварува поголем приход. Треба да обезбеди сексуално образование соодветно на возраста на младите лица. Ова е особено важно за да се зајакнат младите жени и сами да одлучат кога сакаат да станат мајки. Треба да се обезбедат и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје со кои ќе се овозможи семејно планирање како и превенција и третман на сексуално преносливи инфекции, вклучувајќи и ХИВ, изјави д-р Бабатунде Осотимехин, извршен директор на УНФПА.

Според податоците на Обединетите нации повеќе од 600 милиони девојчиња во светот, над 500 милиони живеат во земјите во развој каде што е најголем бројот на малолетнички бракови и бремености.

Малолетничката бременост не претставува само здравствено прашање, туку е и развојно прашање и проблем. Таа има длабоки корени во сиромаштијата, родовата нееднаквост, насилството, детските и принудни бракови, неизбалансираноста на моќта помеѓу малолетните девојки и нивните машки партнери, недостатокот на образование, како и неможноста на системот и институциите да ги заштитат нивните права.

За да се прекине на кругот на малолетничката бременост, ОН препорачува да се преземат обврски од нациите, заедниците и индивидуалците и во земјите во развој и во веќе развиените земји да се инвестира во малолетните девојчиња.

ОН понатаму препорачува владите да ги стават во сила и да ги спроведат националните закони со кои границата за брак ќе биде 18 години и треба да промовираат напори во рамките на заедниците за поддршка на правата на девојчињата и спречување на детските бракови, а со тоа и последиците од нив.

Секоја млада девојка без разлика каде живее и во какви економски услови, има право да го оствари својот целосен човечки потенцијал. Денеска на премногу девојки ова право им е ускратено.

МариЈа Тасев

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ова го прават среќните мајки!
Сакате да знаете што прават среќните мајки? Причитајте ги овие 14 начини кои можат да ви донесат среќа во мајчинството
4
Избираме најубава творба: Матеа Ацевска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати мајката на Матеа Ацевск...
4
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?