|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што е листерија и како да се заштитите од неа?

Редакција Рингераја, 19.8.2014
За да бидеме во добро здравје важно е не само да се храниме здраво и да спортуваме, но и да практикуваме хигиена. За добра хигиена не е важно колку често ги миеме рацете, важен е и квалитетот и хигиената на храната и пијалоците кои ги ставаме на маса

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Малку невнимание може да доведе до сериозната инфекција наречена листериоза. Таа се појавува како резултат на консумирање на контаминирана храна со бактеријата Listeria monocytogenes. Бактеријата може да биде пронајдена во почвата, водата и столицата на животните.

За разлика од повеќето бактерии Listeria monocytogenes може да преживее и често да се мултиплицира при температура под 5 ° С Тоа значи дека постои можност да се размножува во храната која се чува во фрижидер и да предизвика инфекција.



Како најчесто можеме да се заразиме со неа?

При конзумацијата на непастеризирано млеко

Храна приготвена со непастеризирано млеко

Конзумација на свежи незрели сирења приготвени со заразено млеко

Загадено овошје и зеленчук

Пиење на контаминирана  вода

Храна која не е термички обработена

 

Како и секоја инфекција, така и листериоза има период на инкубација кој е од 3 до 70 дена. Едни од најчестите симптоми кои укажуваат на присуството на оваа инфекција се:

Висока температура над 38 ° C
Гадење и повраќање
Треска
Дијареа
Болки во мускулите
Напади
Пореметување на рамнотежата
Конвулзии и други



Кои групи се изложени на поголем ризик од заразување со бактеријата?

Бремени жени
Бебиња
Возрасни и деца со слаб имунолошки систем



Како да го намалите ризикот од инфекцијата?

Практикувајте висока лична хигиена.

Чувајте ја храната во фрижидер на температура од 4 ° C и пониска.

При купување на намирници чувајте го месото, рибата и зеленчукот во одделни пакувања.

Секогаш пред да почнете да ја обработувате храната  добро измијте ги рацете.

Пожелно е да користите различни прибори  за сечење на месо, риба и зеленчук.

Обработувајте ги термички добро млекото, месото, рибата.

Откако ќе завршите со готвењето темелно измијте го приборот.

Избегнувајте да купувате млеко и месо од непроверени извори.

Ако купувате домашно млеко задолжително обработете го термички.

Темелно измијте ги свежите зеленчуци и овошје.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Имате затегнат однос со свекрвата?
Според најновото истражување четири од десет жени имаат затегнат однос со своите свекрви. Тешко дека оваа вест е изненад...
3
Губење на здивот (зајдување) кај децата
Губење на здивот е кога детето ќе остане без здив се додека ја изгуби свеста. Се случува кај едно од 20 деца
3
Како да му помогнеш на твоето дете да веру...
Да му помогнеш на детето да верува во себе е една од најважните улоги што ги имаш како родител. Самодовербата не се град...
2
Тивка закана: телевизорот и детската тежина
Истражувањата сe почесто покажуваат дека присуството на телевизор во детската соба е поврзано со зголемен ризик од дебел...
2




Анкета

koe ime e poubavo
mama30

koe ime e poubavo ?

Mila (60%)

Darija (40%)


Број на сите гласови: 149

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!