Иако бременоста трае околу 40 недели, најчесто се дели на три триместри и секој со свои карактеристики, предизвици и прекрасни моменти.
Фото:Canva/Бременоста е поделена на три триместри и секој носи свои карактеристични промени, чувства и физички адаптации.
Овој текст е водич месец по месец за да знаете што е нормално и што да очекувате.
Прв триместар (1-3 месец) - почетокот на чудото
1. месец (1-4 недела)
- Доаѓа до оплодување и имплантација.
- Можно е да ги почувствувате и првите симптоми како: чувствителни гради, замор, лесна мачнина.
- Хормоните почнуваат брзо да се менуваат.
2. месец (5-8 недела)
- Срцето на бебето почнува да чука. Ова е голем момент дури и ако сè уште не го слушате.
- Чести се утринските мачнини, промените во расположението, зголемена потреба за спиење.
- Матката се зголемува, но стомакот сè уште не се забележува.
3. месец (9-12 недела)
- Бебето веќе има создадени минијатурни органи, прстиња и лице.
- Мачнините почнуваат да се намалуваат кај многу жени.
- Може да се појави зголемен апетит.
- Во овој месец ќе го направите и првиот важен преглед и крвни тестови.
Втор триместар (4-6 месец) - златниот период
4. месец (13-16 недела)
- Многу жени се чувствуваат најдобро во овој период. Имаат повеќе енергија и подобро расположение.
- Бебето почнува да се движи, но обично се уште не го чувствувате.
- Стомакот полека почнува да се заоблува.
5. месец (17-20 недела)
- Првите движења на бебето се чувствуваат како мали „пеперутки“, меурчиња или нежни удари.
- Расте апетитот, па важно е да внимавате на квалитетната исхрана.
- Можно е појава на пигментација на кожата како и потемнување на линијата на стомакот.
6. месец (21-24 недела)
- Бебето почнува да слуша звуци, вашиот глас, срцето, околина.
- Понекогаш се јавуваат грчеви и напнатост во нозете.
- Матката расте и почнува да врши притисок на органите, па можно е побрзо да се заморувате.
Трет триместар (7-9 месец) - финалниот стадиум
7. месец (25-28 недела)
- Движењата на бебето се посилни и почести.
- Можно е да имате повеќе отоци, болки во долниот дел на грбот и потешкотии при спиење.
- Во овој месец белите дробови на бебето интензивно созреваат.
8. месец (29-32 недела)
- Бебето добива на тежина, а матката достигнува висок степен.
- Поголем е заморот кај трудницата, краткото дишење, се зголемува киселината во желудникот.
- Честите посети во тоалет стануваат дел од секојдневието.
9. месец (33-40 недела)
- Бебето се мести со главата надолу кај повеќето жени.
- Се појавуваат почести контракции „Бракстон Хикс“ и телото се подготвува за породување.
- Емоциите се мешани од возбудa до страв и нетрпение.
- Време е да ја подготвите торбата за болница и планот за породување.
Секој триместар носи нови предизвици, но и нови радости. Бременоста е едно од најуникатните искуства во животот и иако телото поминува низ огромни промени, секоја недела го носи бебето чекор поблиску до вас.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Цервикална дилатација и скратување
Доколку сте во последните недели од бременоста, сигурно сте чуле термини како „дилатирана 2 cm“ или „цервиксот е 50% изб...
16
Големината на плодот во третата недела од ...
Моментот кога животот започнува да се развива иако невидливо за очите, промените се сепак огромни.
6
16 рани знаци на бременост што можат да ве...
Многу жени се прашуваат дали одредени симптоми значат дека се бремени, особено пред да дојде моментот за тест.
5
Тампони, влошки, менструална чашка
Секој месец, жените се соочуваат со исто прашање: кој е најудобниот и најздравиот начин за менструална хигиена?
3