|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

big_mama817: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 27.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/71


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: big_mama817

Датум на породување: 01.10.2007 година

Тип на породување: природно

Болница: ГАК

 

 

Беше прекрасен октомвриски ден и веќе бевме на пола од Рамазанскиот пост. Тоа утро се подготвив како вообичаено за работниот ден, беше понеделник не бев свесна што ме очекува. Бидејќи бев прворотка не знаев како изгледаат контракциите и попратните болки, претходната вечер не можев да спијам од некоја чудна болка во половината. Слегов од автобусот и се упатив кај мајка ми да ја видам пред да заминам на работа. Чувствував како лазам како желка, нозете ми беа тешки, се видов на 5 минути со мајка ми и заминав. Леле, нозете не ги чувствував , одам, а всушност лазам. Среќа стигнав на работа на време, а и голема среќа беше што и лифтот работеше. Се качив и седнав на работното место но некако место не ме држеше, си мислам терминот за породување ми е околу 4.10 не е можно да се породам пред тој термин, а вообичаено нели за машки ми кажуваа дека се надносуваат. Отидов во тоалетот, кога ќе видам имав малку црвенкаста лигава боја на долната облека, ме фати паника што е сега ова помислив. Слегов кај една постара колешка и и објаснувам, а таа ми вика земаме кола и те носам на клиника. Јас целата бев збунета. Во меѓувреме најдов еден колега кој не префрли до клиника, гужва во сообраќајот,  а јас се нервирам викам што ако се породам во кола. Болките во половината од време на време се појавуваа но со слаб интензитет. И се јавив на пријателката која работеше на клиника таа ми вика да ме прими било која докторка да ме прегледа. Среќа немаше многу гужва и ме примија веднаш. Докторката ме стави на ехо да провери каква е плодовата вода и дали има доволно. И објаснив за лигавата црвена течност, ме прегледа вагинално на бокс и ми вика два прста си отворена. Тогаш ме фати мала паника, многу бев неискусна, сепак теорија она што го читаме и слушаме не исто како и во пракса :)

Ми пиша упат и се качив горе. На колешката и реков на да не ме чека, се поздравивме и заминав горе. Во меѓувреме никој не знаеше што ми се случува. Си се качив јас така фино лепо горе, сите се шетаат во пижами само јас во „нормална облека„ ми зедоа крв да видат која крвна група сум, ми го измерија стомакот, тежината, притисокот и ми зедоа податоци. После тоа и се јавив на мајка ми и и кажав дека сум во болница, а мајка ми одма, како што ти е ,ја смирив и реков најверојатно денес треба да се породам. После му се јавив на маж ми а тој кога почна да вика од паника што бараш во болница, ти реков да одмараш и бла, бла. Само му реков торбата ти е подготвена земи ја и донеси ми ја.

Ме сместија на патолошка. Веќе почна да ме фаќа паника од разговорите што ги слушав, но сепак се трудев да бидам оптимистички расположена и се смеев. Подоцна дојдоа моите родители и брат ми, седев со нив и се смеев, а малку подоцна дојде и маж ми. Сестрата ме повика за повторно да ме стави на ЦТГ. Веднаш ме качија и ме подготвија за породување , но веќе болките беа неиздржливи па ми ставија епидурална анестезија. Кога ме проверија веќе бев девет прсти отворена.

Во меѓувреме  додека траеја болките мислев колку ли часа сум тука а може и денови навистина болките беа се појаки и појаки. Откако ми ја ставија епидуралната малку се смирив, ме ставија на бокс и ми објаснија какви реакции ќе имам дека само ќе имам напон но не и болка. Допрва доаѓаше следниот проблем, јас имав напон но не знаев како да го дадам сепак бев прворотка, а тогаш не знаев дека има посебни вежби и такви работи. Докторката која ме пораѓаше го викна својот колега бидејќи детето не излегуваше. Тогаш тој ме притисна за стомакот , но бебето не излегуваше. Вклучија вакуум и така го извадија. Бебето не заплака, брзо дојде педијатар со инкубатор. Ја погледнав пријателката и ја прашав зошто не плаче, а таа само бледо ме гледаше. После неколку минути бебето заплака, а и јас со него. Него го однесоа, а мене почнаа да ме шијат. Слушнав само кога рекоа дека во 23.30 минути се роди машко дете, тешко 4,200 гр. Чувствата ми беа измешани, навистина не знаев што се случува.

Откако ме симнаа  на одделение, гледам мајките се со своите бебиња, ме фати страв и си мислам сигурно нешто се случило. После некое време дојде педијатарот, беше околу 2 часот по полноќ, ми рече дојди мајка да го видиш син ти. Кога го видов во инкубаторот срцето ми се кинеше, но воедно и не ми се веруваше. Ова е МОЕТО бебе, па тоа беше најубавото бебе што сум го видела. Мислам дека ме чувствуваше дека сум таму види па тој како да ми се смее, помислив. Педијатарот навистина беше супер жена ми кажа дека бил вклучен на апарати но повеќе не е бидејќи бил јако момче, но поради внимателност ќе остане извесен период во инкубатор. На четвртиот ден кога отидов да го видам, инаку да напоменам дека цело време и јас бев во болница со него иако бев во ред здравствено, докторката педијатар која беше на смена ми вика поради хематомот на главчето од вакуумот можно е да има некои последици. Тогаш мислам дека цел објект ми се заврти во глава и почнав да плачам, сепак некои работи не ги знаев. Но, за среќа успеав да ја најдам неговата докторка која го следеше и ми кажа мора барем уште неколку дена да остане во инкубатор иако е исклучен од апаратот и самостојно дише. После 6 ден го ставија во бокс веќе можев и јас да го дојам, навистина беше крупен во споредба со останатите бебиња. Секој ден наутро не собираа да ни кажат како напредуваат во боксот и за нивната состојба. После неколку дена ми го донесоа и за прв пат во соба  на еден час. А, после два дена остана со мене по цел ден и ноќ. Е, тогаш бев целосно исполнета. Откако ги помина вообичаените контроли и откако хематомот му спласна, односно се повлече не пуштија дома и тоа баш на првиот ден од Рамазан бајрам. Навистина бев среќна бидејќи се заврши добро.

Сега Тарик има 2,5 скоро 3 годинки и е највеселото дете и најсреќното, постојано е во движење и постојано пее и свири, црта и оди во градинка.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Тарик !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат трудниците:
4
Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
3
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
3
5 корисни совети за трудници во лето
Поради високите температури и спарнини, летото за трудниците може да биде многу напорно и стресно. Секако треба да ги по...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?