Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Затоа, правилната употреба на детска седиште, вниманието и информираноста се клучни.
1. Седиште за бебе во автпмобил е обврска
Според сите меѓународни стандарди и закони, новороденчињата и малите деца мора да се возат во соодветно детско седиште. Бебешкото седиште (група 0+) се поставува со грб кон правецот на возење и се користи најчесто до 12-15 месеци или додека детето не ја надмине препорачаната тежина/висина.
Совет: Не користи половни седишта со непозната историја. Дури и мала несреќа во минатото може да ја попречи неговата функционалност и да го загрози животот и безбедноста на детето.
2. Правилно монтирање на седиштето
Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина родители не ги монтираат детските седишта правилно. Секогаш проверете два пати дали е стабилно, дали аголот е правилен, дали ремените се затегнати и симетрични.
ISOFIX системите кај детскиуте седишта денес овозможуваат побрзо и побезбедно поставување без користење на појаси, но сепак, секое седиште има свои инструкции кои треба да се следат внимателно.
3. Никогаш не ставајте детско седиште на предното совозачко место
Бебињата не треба да седат на предното седиште доколку е активна воздушната перница. Дури и во рикверц поставено седиште може да биде опасно во случај на отварање на перницата. Единствен исклучок е доколку перницата е деактивирана и возачот нема друг патник позади.
4. Без играчки и ќебенца
Сè што може да лета при нагло кочење е потенцијален ризик. Изберете меки, безбедни играчки, а ќебенцето или прекривката нека биде лесно и прицврстено.
5. Никогаш, ама никогаш не оставајте бебе само во автомобил
Никогаш не го правете тоа, дури и за една минута, дури и со отворен прозорец. Температурата во автомобилот може да се зголеми драматично за само неколку минути, што може да биде фатално за бебе. Секоја година светот е сведок на вакви трагедии кои можеле да се избегнат.
6. Правете редовни паузи при подолги патувања
На секои 1,5 до 2 часа застанете, одморете, земете воздух и извадете го бебето од седиштето. Иако седиштата се безбедни, не се дизајнирани за долги часови во истата положба. Паузитеосвен за вашето дете се добри и за вас да имате поудобно и побезбедно возење.
7. Контрола на седиштето пред секое тргнување
Проверете дали ремените се правилно затегнати, дали седиштето е стабилно, дали бебето е во удобна положба и дали има доволно воздух. Малите детали можат да направат голема разлика.
Кога возите со бебе, возите со нечиј живот кој целосно зависи од вашите одлуки и подготвеност како возач. Со правилна опрема, внимание и информираност, патувањето со најмалите може да биде безбедно, удобно и исполнето со радост.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?