Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Излегува дека некоја храна, која ја прифаќаме за корисна, може да предизвика промени во однесувањето кај децата.
Тука можат да се вбројат тестенини (кога детето има нетолеранција кон глутен, може често да биде без енергија и заморено), некои силно ароматични видови сирења (некои од нив содржат амини, кои можат да предизвикаат хиперактивност и проблеми со концентрацијата).
Видете уште на што треба да внимавате при изборот на храна за малите.
Млеко и млечни производи
Можно е детето да има нетолеранција на лактоза и протеините во млекото и млечните производи и тоа да е причина за промената на расположението и однесувањето. Многу деца стануваат нервозни или агресивни.
Децата со млечни алергии или нетолеранција имаат тенденција да страдаат почесто од настинки и инфекции на ушите. Кај бебињата овие симптоми најчесто се манифестираат со колики, раздразливост, осип.
Вештачки бои
Во многу од производите кои ги консумира вашето дете, има вештачки бои и покрај забраната за нивна употреба. За овие хемикалии исто така се смета дека имаат негативно влијание врз децата и можат да предизвикаат појава на анксиозност, главоболка, хиперактивност. Вештачки бои ќе најдете во овошните млека, тестенините, кечапот, чипсовите и сите други омилени јадења на најмалите.
Шеќер
Консумирањето на слатка храна може да предизвика хиперактивност кај децата. Но, не само тоа. Докажано е дека консумирањето на шеќер и производи од шеќер предизвикува долготрајни оштетувања на здравјето.
Консумирањето на овие храна може да е причина за појавата на депресија, раздразливост, дијабетес, дебелина, когнитивен застој, проблеми со спиењето. До слатките штетни храна стручњаците го ставаат и штетното влијание и на преработените храни.
Конзерванси
За жал веќе речиси и да нема производ кој можете да му го дадете на вашето дете и да бидете сигурни дека во него нема конзерванс. Некои од конзервансите можат да предизвикаат проблеми во однесувањето кај децата.
Читајте на пакувањата на производите за нитрити, натриум бензоат, мононатриев глумат (подобрувач на вкусот, за кој се смета дека исто така предизвикува промени во расположението и однесувањето, вклучувајќи главоболка и хиперактивност). Натриум бензоат се среќава често во “природните” сокови.
Алергени
Најчестите алергии на храна се предизвикани од консумирањето на млечни производи, ореви, јајца, соја и пченка. Кога детето има нетолеранција или алергија на одредена храна, тоа може да доведе до значителни здравствени проблеми и промени во однесувањето.
Сепак некои алергии можат да бидат потешко востановени без помош на алерголог. Затоа внимавајте на секоја промена во однесувањето на детето и ако е потребно консултирајте се со лекар.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?