Во чест на сите мајки во светот, ајде да ги кренеме чашите и да наздравиме за нашите деца и за моментите кои го прават мајчинството најдоброто нешто на планетата
- Првиот момент кога бебето ќе ви го постават на градите.
- Првиот пат кога бебето ќе ве препознае и ќе ви се насмевне.
- Моментот кога бебето ќе го дофати вашиот прст за прв пат.
- Првата насмевка. И секоја друга насмевка која ќе следи.
- Да бидете покрај вашето дете во сите важни моменти од неговата прва година – тркалање, лазење, проодување.
- Првиот пат кога бебето ќе рече “Мама”.
- Дишење на прекрасниот бебешки мирис.
- Уживање во потполната тишина во куќата кога бебето спие на вашите гради.
- Првиот пат кога бебето ќе ја преспие ноќта. И кога ќе се разбудите наспана и освежена.
- Утринско скокоткање, секој ден.
- Кога вашето дете ќе трча низ паркот и ќе се смее на слободата.
- Првиот пат кога ќе ви каже “Те сакам мамо”
- Кога ќе се вратите дома и ќе видите како вашиот партнер и детето спијат на каучот.
- Гордоста на неговото лице, кога за прв пат ќе изврши нужда во тоалет.
- Таа прва и најсмешна слика со Дедо Мраз.
- Скокоткање на неговото рамо.
- Слушање на тој прекрасен звук кога детето спие.
- Првиот цртеж кој ќе го направат.
- Носењето на вашето дете на училиште за прв пат.
- Слушањето и разговорот со децата ве прави нивни најголеми пријатели.
- Петочни вечери под ќебе, додека јадете пуканки и гледате филм на Дизни на телевиозија.
- Слушање на детето како чита книга на глас.
- Гледање на детето како се справува со нешто од што секогаш се плашело.
- Одмор под ѕвездите, заедно со детето легнато до вас.
- Првиот пат кога детето ќе ви се понуди да ви подготви оброк. И кога тоа е навистина вкусно.
- Фрлање на првото извадено млечно запче на ѓерамиди.
- Гледање на свајот во очите на детето во Божиќното утро.
- Првата прегратка меѓу поголемото дете и новороденото бебе.
- Отворање на подарокот за Денот на Мајките. Најубавиот подарок кој сте го добиле!
- Најголема возбуда кога ќе ја донесе книшката со оцени.
- вадење на помошните тркала од велосипедот и моментот кога детето за прв пат ќе вози само. Најголема гордост!
- Воодушевување од малите задоволства – шоља кафе, вашите стари играчки, бојата на цвеќињата кога шетате, мекоста на малото куче.
- Сведоци сте на некаков акт на љубезност и хуманост од страна на вашето дете. Она што го учевте, детето го применува.
- Пречекувањето откако ќе се вратат по отсуство од неколку денови, или од неколку часа.
- Додека бебето спие се искрадувате за да ифграте со детето.
- Аплаузот од публиката кога вашето дете ќе добие признание за добар успех.
- Тука сте и му одговарате на детето за сите дилеми кои ги има во животот.
- Ги слушате како велат дека сакаат да бидат како вас кога ќе пораснат.
- Ги следате вашите деца како се заштитуваат од други деца во паркот, гушнувајќи се.
- Го носите детето на неговиот прв концерт. И веднаш сфаќате колку всушност сте остареле.
- застанувате до детето и сфаќате дека е повисоко од вас.
- Го гледате детето како влегува во вратата и носи работна униформа.
- Го гледате вашето дете на воланот за прв пат.
- Се гледате себеси во ликот на вашето дете.
- Завршување основно училиште.
- Вашето дете станува полмнолетно. Отворате шише шампањско.
- Сведочење дека вашето дете се заљубило.
- Ја гледате вашата ќерка како оди кон олтарот. Или вашиот син како гордо стои покрај олтарот.
- “Среќен роденден мамо. Благодарам”, на вашиот 50-ти роденден.
- Држење на вашето внуче во раце.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Кога никнуваат првите трајни заби кај децата?
Првите трајни заби никнуваат околу 6-тата година од животот и затоа се нарекуваат шестогодишни катници.
4
Деца со тажно лице
Неуспех на училиште, како причина за депресија: Некои деца тешко го преживуваат неуспехот на училиште и лесно ја губат с...
4
Тоа беа времиња...
Мотивациска приказна за животот во едно поубаво време
4
Најважно во комуникацијата меѓу татко и ќерка
Тара Хедман, сертифициран психотерапевт, им ги објаснува на пристапен начин работите кои татковците треба да ги знаат пр...
4