|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што да правите ако детето се плаши да спие само?

Редакција Рингераја, 11.12.2021
Понекогаш родителите се соочуваат со проблем кога детето се плаши да спие само. Кошмарите можат да бидат честа појава и кај децата од две години, седум години, но и кај тинејџерите
Клучни зборови:

image
/11


 

Причините за тоа можат да бидат многубројни: навика детето да спие со некого, страв од самотија, желба да биде со мајката, драстични промени во животот, судир во семејството и слично. Што да се прави во таква ситуација?

Ако родителот постојано спие со детето затоа што тоа се плаши, тогаш детето нема никогаш да се соочува со своите стравови и чувства. Стравот и анксиозноста се природни емоционални искуства што ги доживува секој. Но ако детето се плаши подолго време, тоа може да укажува на сериозен психолошки проблеми. Како прво, родителот мора да знае зошто детето се плаши да спие само. 


Најчестата причина е тоа што детето се плаши од промена. Додека спиело со мајката, се навикнало на нејзиното присуство и нејзиниот мирис и се чувствува безбедно. Постои страв и од измислени ликови, како резултат на бујната фантазија на децата. Кога детето ќе измислува изговори за да не оди на спиење, обидете се како родители да останете смирени. Пред сè, треба да се позборува со детето и да се открие од што се плаши. Сослушајте го и дајте му до знаење дека ќе му помогнете да го надмине стравот. Објаснете му дека секој член на семејството има свој кревет. Кога ќе легне во креветот само, пофалете го за храброста, бакнете го за добра ноќ и бидете со него некое време пред да заспие. 

Ако детето доаѓа кај вас во текот на ноќта, немојте да му се лутите. Уверете го дека нема причина да се плаши и вратете го во кревет. Преку ден поминувајте што повеќе време со детето за тоа да се чувствува сигурно. Често се случува да се плаши од темнина, па во текот на ноќта оставете вклучен телевизор или слабо светло. Ако се плаши од затворен простор, оставете ја отворена вратата од неговата соба. 

Детската соба би требало да има хармоничен изглед, да не биде преполна со предмети, а ѕидовите да имаат ведри бои. На креветот нека ги има неговите омилени играчки. И, се разбира, најважно е да бидете трпеливи и да не покажувате нервоза бидејќи таквите емоции се пренесуваат на детето. На крајот, бидете упорни, па кога детето ќе стекне доверба во своите родители, ќе има поголема самодоверба и неговите стравови ќе исчезнат. 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
4
Дали слабокрвноста се лечи со цвекло?
Некои работи за кои „знаеме“ дека се добри за нашето здравје, се толку вкоренети што тешко дека некој може да ве разубед...
4
Официјален Регистар на педофили во Р. Маке...
Презентиран Регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија.
3
Како да го научите детето што е добро, а ш...
Како родители, имате моќ да ја обликувате иднината на вашето дете, не само во поглед на образование и вештини, туку и во...
3




Анкета

Женско име:
SamovilceK.M

Подобро женско име:

Антониа (53%)

Валерија (47%)


Број на сите гласови: 297

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!