|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што да направите кога детето ви се спротивставува?

Редакција Рингераја, 18.12.2017
Доаѓа момент во кој детето не само што не ги исполнува кажаното од вас, но и ви се спротивставува . И што сега? Која треба да биде вистинската реакција од ваша страна? Еве што треба да направите ако вашето дете ви се спротивставува

image
/11


 

Останете мирни

Може да ви биде тешко, но бројте до 10 или 20, а потоа реагирајте. Бидете внимателни што ќе ви биде одговорот, бидејќи може да го подобри или влоши односот со вашето дете. Ако сте премногу благи, тоа може да ја влоши ситуацијата и да доведе до уште проблематично однесување од страна на вашето дете. Ако сте премногу строги пак, може детето да одлучи дека му ја кршите слободата на збор, кое може да ја влоши вашата комуникација во иднина, до нејзино целосно запирање. Или за да се зајакне аспирацијата на детето да ги да владее над вас.

 

Објаснете ја причината

Многу често не сте вие причина за детскиот гнев, туку едноставно сте жртвено јагне. Детето знае дека може да каже и да стори сé што е на ваша адреса, бидејќи знае дека нема да има сериозни последици. Така на пример, ако има проблеми во градинка или во училиште, може да не се расправа таму, да не влезе во конфликт со своите врсници, но да си ја истури агресијата врз вас. Затоа е важно да не реагирате остро и веднаш штом детето го зголеми тонот и почне да ви се спротивставува. Најдобро е да се стави пауза и да се каже дека разговорот ќе продолжи подоцна, кога страстите ќе исчезнат.

 

Објаснете кој говор е прифатлив, а кој не

Децата слушаат многу работи од нивните родители, наставници и врсници. Понекогаш тие намерно сакаат да емитираат, повторувајќи ги истите зборови, а понекогаш и несвесно се сеќаваат на најнепогодните зборови. Во случај кога детето ви се спротивставува, вика и користи непристојни зборови, има сосема логично објаснување и само треба да му објасните  кое е соодветно, а кое не, во говорот на луѓето.

 

Последици

Откако сте разјасниле каква е причината детето да ви се спротивставува и да користи експлицитен јазик, поставете граници и кажете му на детето дека идните вербални расправии ќе водат до казни - без телевизија, таблети, купување на омилени играчки, итн. Важно е да се утврдат правилата кога сте во добри односи со детето, а не во средината на конфликт.

 

Дајте пример

Многу е важно да го обликувате однесувањето што го очекувате од вашето дете. Децата учат да го имитираат она што го гледаат, особено дома. Па не заборавајте да зборувате и да се однесувате кон другите (семејство, пријатели, соседи и непознати) со почит, дури и кога мислите дека вашето дете не е наоколу (малите уши често слушаат се).

 

Поттикнете добро однесување

Една од големите грешки на родителите е само да се критикува лошото однесување кај нивните деца, но не и да се поттикнува добро. Затоа следниот пат кога вашето дете се однесува учтиво и ги користи вистинските зборови, пофалете го.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
4
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
4
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?