|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Сезона на костени: Зошто е важно да ги јадеме?

Редакција Рингераја, 12.11.2019
Кога се костените во прашање, нема дилема дека на голем број луѓе им се омилени за јадење. Имаат неодолив вкус и мирис, а носат и многу корист за здравјето

image
/11


Костенот ја прочистува крвта, го зајакнува имунитетот и дава многу енергија бидејќи содржи многу јаглени хидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза. Може да се каже дека моќните плодови на костените се природен извор на енергија и здравје, посебно во студените зимски денови.  Исто така, богати се со витамин Ц, што е еднакво концентриран колку и во лимоните.

Зошто треба да јадеме костени?

Костенот има ниско ниво на калории и масти, а е богат со минерали, витамини и фитонутриенти (чудотворен антиоксиданс). Со самото тоа што костените се богати со витаминот Ц, ги прави одличен избор за закрепнување на имунитетот.
Калциумот и фосфорот во костените помагаат за закрепнување на нервниот систем, ги зајакнуваат коските и ја подобруваат работата на срцето. Костените содржат и високо ниво на протеин, големо количество на манган и калиум.

Стотина грама печени костени имаат околу 245 калории, па затоа ги нарекуваме плодови со висока енергетска вредност. Интересно е тоа што калориската вредност се дуплира со неговата термичка обработка, а се зголемува и количината на белковината и јагленохидратите во плодот.

Повеќе од 40% од костенот содржи скроб, поради што е погоден за подготвување на пире, супа и други слатки и солени јадења. Со оглед на тоа дека не содржи глутен, се препорачува на луѓето кои боледуваат од целијачна болест (нетолеранција на глутен).

Костените се извор на прехранбени влакна, кој го намалува лошиот холестерол во крвта и ја поттикнува работата на цревата.

Осумдесет грама костени дневно, задоволува петина од потребата за бакар, минерал кој ги засилува коските, помага во произведувањето на црвени крвни зрна, го подобрува работењето на нервите и го засилува имунитетот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Родителството слично на затворска казна?!
Иако на Вашето лице секогаш се појавува насмевка кога ќе ја здогледате Вашата ќерка или Вашиот син, попладневниот одмор ...
3
Тврда столица (опстипација)
Опстипација, односно запек е еден од понепријатните проблеми со кои родителите честопати се сретнуваат. Претставува ретк...
3
Видео: Девојче наместо солзи рони камчиња?
Дали е во прашање медицински феномен или нешто друго, лекарите немаат одговор
3
Како да му помогнеш на твоето дете да веру...
Да му помогнеш на детето да верува во себе е една од најважните улоги што ги имаш како родител. Самодовербата не се град...
2




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: